МНОГУ ВАЛКАН ДОЖД И ЗАМАТЕНА АТМОСФЕРА: Сахарскиот прав ќе не „задуши“, ќе го има и до 2.000 честички на милиграм кубен, што е премногу
Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2024 06:30
Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од Европскиот Континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија), денес и утре од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Се работи за огромно количество на сахарска прашина и песок од Сахара како што погоре наведовме, се очекува над Балканот и над Македонија денес и утре локално да има дури вкупно и до 2000 честички на милиграм кубен (што е премногу).
А под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено денес попладне, во текот на ноќта утре во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава.
Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина)“, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




