18 Април, 2021
0.0233

МНОГУ ЗОШТО, МАЛКУ ЗАТОА - што го натера Заев да понуди, Ахмети да „се нечка“, а Мицкоски да одбива заедничка Влада

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021

Што ли му стана на премиерот Зоран Заев да ја изненади јавноста со една идеја за заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, само неколку дена откако 62 пратеници му изгласаа доверба во Собранието, со тоа потврдувајќи го парламентарното мнозинство.

Тој утрово буквално фрли политичка бомба во јавноста, за прв пат отворајќи ја можноста за формирање на заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, по примерот на Германија која така функционира веќе 15 години.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицкоски не се разговара“, рече Заев.

И покрај тоа што има мандат од уште три години, премиерот не бега од ова прашање, туку напротив, го отвора. Причина за тоа е што не може да се најде решение со закоченоста во Собранието, а за тоа како виновник го посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого не може да најде заеднички јазик, за разлика дури и од еден Никола Груевски. Според првиот човек на СДСМ, на овој начин би се департизирала администрацијата и би се разбил клиентелизмот во судството.

ВМРО-ДПМНЕ ова го дочекаа со еден вид ликување. Христијан Мицкоски е во изолација поради коронавирусот, но неговата партија рече дека би прифатиле експертска Влада, само ако неа ја предводи натпартиска личност.

Потоа изјава даде и пратеникот Антонио Милошоски, кој во објавата на Заев виде потврда дека на Македонија и е потребна нова и поинаква влада.

„Доколку експертската влада на чело со човек кој што би бил заеднички прифатлива натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат и предвремени парламентарни избори ние сме спремни да разговараме за таков концепт.“, рече Милошоски.

Но, Али Ахмети не е подготвен да ја дели Владата со нови „станари“. Според него, опозиција треба да има и таа треба да биде надвор, а не внатре во власта. 

„Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се во право, затоа што улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји, е таа. Само во посебни случаи тие можат да станат дел од важен процес, во спротивно тие имаат должност да не се согласуваат со парламентарното мнозинство“, изјави Ахмети.

Останува отворено прашањето зошто одеднаш премиерот излегува со ваква, во најмала рака нетипична идеја, и дали е ова своевидно признание дека со опозицискиот инает за носењето на закони во Собранието, тоа е навистина невозможно, бидејќи многу тешко се обезбедува кворум, и покрај потврденото парламентарно мнозинство.

И зошто, пак, Ахмети не ги сака некогашните долгогодишни коалициски партнери внатре во власта, туку преферира да ги гледа во опозициските редови. 

И конечно, дали ВМРО-ДПМНЕ, една ваква, барем доколку не се бараат скриени намери, интересна идеја, ќе ја прифати, или ќе преферираат да ја продолжат битката за сами да ја освојат власта, кажувајќи ги уште сега како опција предвремените парламентарни, заедно со локалните избори. 

А прашање е дали во сето ова прсти има замешано и странскиот фактор во земјава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Драстично намален бројот на новозаболени денеска

Драстично намален бројот на новозаболени денеска

Анестезиолог Хаџиевска по трансплантацијата на срцето кое му го продолжи животот на Илија: Со сопругата беа ептен слатки, двајцата многу млади

Анестезиолог Хаџиевска по трансплантацијата на срцето кое му го продолжи животот на Илија: Со сопругата беа ептен слатки, двајцата многу млади

Комисијата за заразни болести не исклучува уште една недела рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести не исклучува уште една недела рестриктивни мерки

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина