МНР нуди помош: Македонец пронајден мртов во Бугарија, пријателите се сомневаат дека е убиен пред шопинг мол
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2022 15:39
Стојан Спасов, 26 годишен македонски државјанин е пронајден мртов пред шопинг мол во Бугарија пред три дена, а неговите пријатели апелираат да се расчисти случајот, бидејќи се сомневаат дека е убиен. Неговото тело е на обдукција и се уште не се знае причината за неговата смрт.
Неговите родители и блиски пријатели се во шок за ситуацијата и апелираат до македонската полиција да истражи повеќе за случајот и да помогнат да се врати неговото тело во нашата држава.
„Апелирам до медиумите да ја објават веста за неговата смрт. Истовремено апелирам до македонската полиција и до македонските служби да помогнат во обдукцијата, да се дознае вистинската причина за смртта и да помогнат за враќање на телото во нашата држава“ – напиша на Фејсбук Бобанчо Боби Илиевски, еден од пријателите на Спасов.Од Министерството за надворешни работи најавуваат дека подоцна ќе излезат со детали за случајот и засега единствено нудат асистенција за поблиското семејство на починатиот.
„Известуваме дека министерството веднаш штом доби информација за починат наш државјанин С.С. во република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапи во контакт со надлежните органи, од каде доби првични информации за случајот.
Преку МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и истите се соодветно информирани за случајот“, информира МНР и додава дека е воп постојан контакт со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




