19 Декември, 2025
0.0525

МНР реагира на изјавите на пратеничката во албанскиот парламент Месила Дода

Објавено во: Македонија 13 Март, 2017 09:30

Добивај вести на Viber

МНР на Република Македонија ги осудува јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Република Албанија, кои се однесуваат на Република Македонија. 

„Неодговорните изјави на јавни личности, кои, по својата функција, налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став, не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји, и особено не во духот на европските вредности. 

Со сето разбирање дека изјавите се индивидуален став и чин на поединци, очекуваме официјалните лица во соседството, да се воздржат од потпалување на тензиите во Регионот. 

Далеку покорисно би било доколку нивната енергија би ја насочиле кон конструктивни предлози и иницијативи – со што би ја зајакнале соработката и довербата меѓу двете земји, би го подобриле стандардот на граѓаните, но и би ја забрзале европската интеграција. Остануваме уверени дека пратеничката функција подразбира голема чест, но и највисока одговорност“, стои во реакцијата на македонското министерство за надворешни работи.

Да потсетиме...

Месила Дода, пратеник во албанското собрание од партијата PDIU, која пак е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама ја нарече Македонија Илирида и се закани со војна. 

Таа вели дека ниту претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ или било кој друг анти-Албанец не треба да ги плаши Албанците. 


„Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност. Оваа држава без никакво значење не може да ја пронајде својата причина за постоење во злоупотребата и непочитувањето на правата на Албанците од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Охрид и од Струга. Завршениот претседател на Македонците им се закани на Албанците со војската на оваа фантом држава. Тој знае дека оваа војска има повеќе албански синови на албански мајки кои не вртат пушка против својот брат Албанец. Албанците од УЧК на Шара вчера се изјаснија дека по секој ацена ќе ја бранат Иллирида ние денес им кажуваме, не сте сами Албанија е со вас! Татковината ќе ве поддржува без сомневање“ - изјави Дода. 

Таа е албанска и ние заедно имаме една нација, имаме еден став и имаме една татковина од „Превез“ до „Molle e Kuqe“ Албанија на четирите вилаети, Албанија на 8-те милиони Албанци, рече Дода.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината