19 Декември, 2025
0.1593

Мобилен токен, нова услуга на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2016 15:22

Добивај вести на Viber

Во насока на дигитализација на своите производи и услуги и што поголема достапност на корисниците до истите, Охридска банка Сосиете Женерал воведува нова услуга во своето портфолио, мобилен токен М – токен.

М – токен е софтверска апликација којашто се инсталира и се користи преку мобилен уред: мобилен телефон или таблет  и служи за идентификација на корисникот и потврда на трансакции во системот за електронско банкарство за физички лица на Охридска банка Сосиете Женерал. Услугата која е замена  за досегашниот хардверски ОТП токен уште повеќе ќе го олесни пристапот на корисниците до сите банкарски услуги. 

Предностите кои ги нуди оваа апликација се: лесен и сигурен пристап до електронското банкарство за физички лица, едноставен и јасен кориснички интерфејс, бесплатна активација и бесплатно користење на апликацијата, лесна дистрибуција на активациски кодови и интернет конекција која е потребна само при активација на услугата. Користењето на апликацијата и генерирањето на еднократните лозинки е едноставна, не е потребна интернет конекција и може да се прави во било кое време.

Апликацијата М – токен е бесплатна  за сите корисници и може да се симне преку Google Play Store или Apple App Store. Истата поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Android 4.2 и IOS 6.1. Услугата М – токен на Охридска банка Сосиете Женерал  е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Со воведување на нови иновативни услуги, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации со цел на своите корисници да им овозможи  современи, брзи, едноставни и безбедни банкарски решенија.

Повеќе информации за услугата наwww.ohridskabanka.com. 


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии