МОЕТО АНГЕЛЧЕ, МОЈАТА АН, МОЈАТА СВЕТЛИНА И БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ - Јулија и пријателите се збогуваат со прерано починатата Андријана
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022 12:07
Денеска ќе биде погребана Андријана Мациева, уметница, ќерка на водителката и пејачка Јулија.
Јулија Мациева со бескрајна болка прфеку социјалната мрежа фејсбук соопшти дека денеска телото на нејзината ќерка ќе биде изложено во капела на градските гробишта во Бутел.
„Телото на моето ангелче, на мојата Андријана, на мојата Ан, мојата светлина, божествена љубов и добрина, ќе биде изложено денеска петок, 13.05, во 14 часот, во капелата на градските гробишта Бутел“, пишува Јулија.
Моја Ан, летај мајкино со ангелите, низ болка се збогува Јулија.
Речиси цело Скопје, сите нејзини роднини, пријатели и познајниоци, низ болка се збогуваат со младата Андријана, која за жал, ја изгуби битката со ракот по долго боледување.
„Најдрага Јуле, тажно-претажно, неприфатливо..... најискрено и најдлабоко сочувство драга моја. Не постојат зборови на утеха за ваква загува. Нека почива во мир, Царство Небесно, а таа ангел - како на Земјата, така и на Небото. Светол нека и е патот, во мир нека си почива. Имаше уште толку убавина од својата убавина да му пружи на овој свет“, пишува пријателка.
„Патувај ангелу мил! Спокој на твојата млада душичка! Сочувство мила Јуле!“, е еден од коментарите. „Патувај Ангелу во небесната висина.. ангели нека те чуваат. Ангел на земјата, ангел на небото! Обој го небото со најубави бои! Андрианче непребол си Почивај во мир убавино. Сочувство Јуле, Господ да ти даде сила да ја издржиш оваа болка“, се вели во еден од коментарите. Фактор изразува длабоко сочувство за големата загуба на Јулија.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




