19 Декември, 2025
0.0582

Могерини: Колку повеќе времето минува, толку потешко се наоѓаат решенија

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2018 09:21

Добивај вести на Viber

Преспанскиот Договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и оваа прилика може да не се повтори веќе, порачува високата претставничка за безбедносна инадворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини во интервју за МИА

Утре ќе се знае дали постои потребно мнозинство во македонското собрание за имплементирање на Преспанскиот Договор. Која е вашата порака во овој миг?

- Сега има национални процедури за имплементација на договорот што се одвиваваат во двете страни и тоа треба да биде заштитено и почитувано. Ги разбирам чувствителностите и комплексната историска позадина на спорот, како и изразените загрижености. Спорот не постоеше толку долго без причина, меѓутоа, како што видовме во минатото, колку повеќе времето минува, толку е потешко да се изнајдат решенија. Преговарачкиот процес мора да бил болен и резултатот е компромис. Но, е компромис со кој успешно се исполнуваат клучните интереси на двете страни. Нашата позиција е јасна: ЕУ целосно го поддржува постигнатиот договор. Ова е уникатна можност за помирување на Западниот Балкан која можеби нема да се повтори - вели Могерини.

Дали позитивен резултат значи забрзување на процесот на проширување? - Помирувањето, регионалната соработка и добрососедските односи играат клучна улога во нашиот ангажман во Западниот Балкан и е клучен принцип на процесот на проширување, така што решавањето на така тежок спор е од огромна важност за регионот и прилика за напредување по патот кон ЕУ. Ако моментов се искористи мудро за да се напредува во реформите кои се потребни, тогаш пред нас е значаен прогрес. Земјите-членки го отворија патот за старт на преговори во јуни в година, врз база на јасни услови. Ова е дел од нашиот засилен ангажман во регионот, кој е од интерес за сите, и за земјите членки и за регионот. 

Ако Договорот помине ќе донесе ли повеќе стабилост во регионот? Постигнатиот историски договор може да придонесе за трансформација на целиот регион на Западниот Балкан. Негувањето добрососедски однос ни помага да работиме заедно за да се справиме со многуте предизвици и прилики кои ги споделуваме, вклучително во области како миграцијата. Бегалската криза покажа дека војни кои започнуваат далеку од Брисел или Скопје можат да имаат импакт, порано или подоцна, во Европа. Западниот Балкан е во срцето на Европа, ние сме взаемно зависни. Верувам дека

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината