Могерини порача: Иванов да го почитува Уставот и да го даде мандатот на Заев
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 18:25
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини му порача на Иванов да ја повлече одлуката и да го почитува Уставот на земјата според кој мандатот треба да му го додели на тој што има парламентарно мнозинство.
Могерини на прес-конференцијата го повика претседателот на Иванов да го испочитува Уставот на Р.М и да го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, бидејќи е исполнет членот 90 односно обезбедено е мнозинство во Парламентот.
Таа исто така посочи дека сите политички лидери имаат должност да овозможат мир и да придонесат во избегнување на кризата и дека се надева дека сите ќе ги вршат своите функции совесно.
Нагласувајќи ја комплексноста на државата и ситуацијата во моментов таа повика да се избегнува разгорување на меѓуетнички конфликти.
Порача и дека пораката од Брсел е јасна, Македонија да се врати на патот на евроинтеграциите и да го почитува владеењето на правото.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




