Моја банка – мобилно банкарство на Охридска банка Сосиете Женерал
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2016 13:21
Охридска банка Сосиете Женерал продолжува да ја збогатува понудата на дигиталните услуги и ја воведува најновата услуга во своето портфолио, Моја Банка - Мобилно банкарство достапна за сите клиенти.
Моја Банка е напредна, високо безбедна и интерактивна апликација достапна на македонски, албански и англиски јазик што може да се инсталира и користи преку мобилен телефон и таблет. Преку апликацијата Моја Банка, клиентите добиваат можност на брз, едноставен и безбеден начин во секое време да ја следат состојбата на сите свои сметки во Банката, на своите картчки, кредити и депозити и да прават трансакции.
Исто така, клиентите ја добиваат можноста да вршат плаќања на сите режиски трошоци, да извршуваат интерни плаќања и плаќања на други сметки, конверзија од една во друга валута, преглед на курсна листа, да прават информативни пресметки за кредити и депозити, да ги лоцираат експозитурите и банкоматите и да добијат контакт информации на Банката. За да ја користат услугата Моја Банка, сите постоечки и нови клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал треба да ја симнат апликацијата достапна преку Google Play Store за Android (верзија од 4.2 па натаму) или Apple App Store (верзија 6.0 па натаму) и да потпишат договор во најблиската експозитура на банката.
„Имаме слух за клиентите кои пред се ја вреднуваат безбедноста и олеснувањето на нивниот пристап до банкарските услуги од секаде. Исто така имаме големо разбирање за брзиот и динамичен начин на живот на нашите клиенти и затоа креирањето на Моја Банка е нашиот придонес за нашите корисници за поедноставно и безбедно секојдневно работење со банкарските сметки што ќе им заштеди време и ќе им овозможи извршување на повеќе банкарски операции и тоа во било кое време и место, користејќи ги нивните мобилни уреди. Охридска банка Сосиете Женерал се грижи за секој свој клиент независно дали клиентот се наоѓа во експозитура или пристапува преку мобилен уред со што ја потврдуваме определеноста за одржување и унапредување на квалитетот на услугите обезбедувајќи беспрекорна грижа за нашите корисници”, изјави Стефан Туати, Член на Управен Одбор, Директор на продажба на население, маркетинг и комуникации.
Со оваа услуга, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш ја докажува својата посветеност кон креирање и воведување иновативни услуги за своите клиенти кои ќе им овозможат едноставни, брзи и безбедни банкарски решенија.
Повеќе информации за Моја Банка на www.ohridskabanka.mk.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





