19 Декември, 2025
0.0662

„МОЈОТ ПРВ МАНДАТ ГО ЗАВРШУВАМ СО 670 РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ“: Стефковски вели „не ветувам чуда“

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2025 10:35

Добивај вести на Viber

Актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски ќе биде кандидат за градоначалник на следните локални избори.
Тој на социјалните мрежи се огласи за повторната кандидатура.
Со длабока почит и искрена благодарност ви се обраќам во еден многу важен и значаен момент – по одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да ме номинира за кандидат за градоначалник на општина Гази Баба во втор мандат.

Најнапред, од срце му благодарам на Извршниот комитет за укажаната доверба, но особено на претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Вашата поддршка ми значи многу – не само како поттик, туку како потврда дека патот што заедно го газевме изминативе години бил правилен, правичен и чесен.

Но, мојата најголема благодарност оди – до Вас, граѓаните на Гази Баба. Вие сте мојата сила, мојата инспирација, мојата мотивација. Благодарам што повторно ми ја давате вашата доверба, благодарам што преку анкетите и директната поддршка ми покажавте дека верувате во она што го правевме, и дека сакате да продолжиме заедно.

Четири години сме заедно. Четири години низ предизвици, радости, труд и истрајност. И во добро, и во лошо – вие бевте тука. Сите знаете. Сите видовте. Ништо не беше лесно, но ништо не нè скрши. Работевме многу, чесно и одговорно, со љубов кон секоја уличка, секое маало, секое дете и секоја фамилија во Гази Баба.

Не користев никакви привилегии. Не го барав градоначалничкиот мандат за моја удобност – го прифатив како обврска. Обврска пред сите Вас. Ветив работа – и тоа го исполнив.

Мојот прв мандат го завршувам со 670 реализирани проекти. Да, 670! Но не само бројки – туку вистински промени кои се гледаат, чувствуваат, живеат! Во моментов имаме повеќе од 150 проекти во реализација, и тоа зборува доволно за нашата визија и енергија која не запира.

Денес, со гордост можам да кажам дека овие четири години се историски најуспешните за Гази Баба. Заедно направивме повеќе од што многумина мислеа дека е возможно:

Две нови детски градинки,

Едно ново основно училиште,

Дом на културата,

Три нови спортски сали,

30 километри нова мрежа на фекална канализација,

Повеќе од 160 асфалтирани улици,

60 детски катчиња,

35 нови спортски терени на тартан подлога,

6 терени со вештачка трева,

5 фитнес зони на отворено,

Бесплатни униформи за сите 7.000 ученици во општината,

Финансиска поддршка од 3.000 денари за секое новороденче и секое прваче.

И тоа не е сè. Ова не се само бројки – ова се животи, секојдневие, надеж и достоинство вратено на луѓето.

Гази Баба повеќе не запира!

Нашата општина веќе не е на маргините. Не е заборавена и запоставена. Денес Гази Баба е симбол за развој, работа, ефикасност и транспарентност. Тоа не е заслуга на еден човек, тоа е наше заедничко дело.

Затоа денес не барам нов мандат за власт – туку за продолжување на делата. За уште повеќе проекти. За повеќе образовни институции, зелени површини, спортски капацитети, инфраструктура и поддршка за секој поединец.

Јас не ветувам чуда – ветувам работа. Само работа.

И знам – токму таа работа, макотрпна, упорна, чесна – ги носи вистинските резултати.

Јас сум еден од Вас. Растев овде, живеам овде. Во радоста се радувам со Вас, а во тагата – тагувам. Моето срце е врзано со Гази Баба и со секој од вас – без разлика на вера, етничка припадност, политичка ориентација. Затоа велам – само обединети, заедно, ќе продолжиме напред.

На крај, сакам да им честитам на сите номинирани кандидати од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници низ целата држава, со особен пиетет кон кандидатите во Скопје и за Градот Скопје. Верувам во нашиот тим – тим на професионалци, посветени луѓе со визија.

Со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски, Скопје и сите општини конечно ќе тргнат во правецот што го заслужуваат.

Ќе победиме со работа. Ќе победиме со дела.

Гази Баба веќе тргна напред – и нема враќање назад.

Заедно, уште посилно – затоа што Гази Баба повеќе не запира!“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот