Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2025 09:45
Пратеничката од редовите на опозициската Левица, Јована Мојсоска утрово со повеќе прашања за поврзаноста на владејачките претставници, поточно самиот премиер Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, против кој има неколку судски процеси.
- Бидејќи премиерот Мицкоски дури и на митинзи за промоција на кандидати за градоначалници не пропушта да ја оцрнува Левица за некаква коалиција со ДУИ, со оние кои неговата партија ги амнестира и етаблира, еве некои прашања.
Како градоначалникот од ДУИ, прочуениот Рамиз Мерко отвори приватна градинка во мандатот на владата на Мицкоски?
Дали министерот Фатмир Лимани има издадено дозвола за работа на оваа градинка, или таа работи незаконски - додека оние кои се должни да вршат надзор, Министерство за социјална политика и Министерството за образование и наука молчат? - прашува Мојсоска.
Таа посочи дека Мерко во неговиот мандат не само што не отворил нови градинки, туку била затворена градинка во Струга, поради што се влошила состојбата за згрижување на деца, сега отвара приватна.
- Градоначалникот во заминување - кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки - токму во мандатот на ДПМНЕ отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, каде се тепаа дури и просветни инспектори.
Таканаречен универзитет, за кој и министерката Јаневска изјавуваше дека се констатирани неправилности, но наместо санкционирање - на овој се универзитет отвори приватна градинка, додека Стружани не можат ни да си дозволат упис и во обична градинка, камоли во приватна.
Оттука, се поставува прашањето дали Мицкоски е во коалиција со најкримогените елементи на ДУИ во Струга?
П.С. Кој со кого се амнестира и кој со кого се пазари изминативе 35 години, на Стружани им е многу јасно - потенцира Мојсоска на крајот од соопштението испратено до медиумите
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




