Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство - дивоградбата си крена уште еден кат
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2025 08:28
Вчера, на денот на официјалното започнување на изборната кампања, пратеничката и кандидатка за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска ја отвори темата за дивоградбите во Струга, посочувајќи на конкретен случај во центарот на градот. Како што обзнани преку социјалните мрежи минатата недела поднела ургенција за итно постапување до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Струга и овластениот градежен инспектор во општината, поради тоа што, како што наведува, „и покрај констатирани неправилности во градењето – дивоградбата во струшката чаршија си крена уште еден спрат“, се наведува во соопштението од Левица.

Мојсоска нагласува дека станува збор за уште еден феномен во градот:
„Во Струга се случува и тој феномен да се узурпира државно земјиште и незаконски да се гради среде бел ден, во центарот на градот, ама ниту МВР, ниту Обвинителство, ниту општината не можат да се справат со една дивоградба.“
Во ургенцијата Мојсоска бара продолжување на постапката за бесправно градење на објект и узурпација на државно земјиште, нагласувајќи дека и покрај започнатите управни и кривични постапки, изградбата продолжува.
„Оваа дивоградба (која е една од многуте) е олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот“, истакнува таа, додавајќи дека проблемот не е во една изолирана институција, туку во „комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.“
На крајот, Мојсоска ја поврза оваа тема со пошироката состојба во земјата:
„Ова само ја потврдува тезата дека во Македонија во секоја сфера е метастазирана корупцијата и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега.“
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




