16 Декември, 2025
0.1000

Моќен земјотрес од 7,7 степени по Рихтер ја потресе Папуа Нова Гвинеја

Објавено во: Свет 30 Март, 2015 11:04

Добивај вести на Viber

Силен земјотрес ја потресе земјата во јужниот дел на Тихиот Океан - Папуа Нова Гвинеја во понеделникот, генерирана со слабо цунами што ги исплаши локалните жители, но нема податоци за настрадани луѓе, пренесоа американските медиуми.

Цунами со височина 50 cm беше измерено на пристаништето во градот Рабаул во близина на епицентарот на потресот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, вели Мартин Моус, извршен директор на Националниот центар за катастрофи во Папуа Нова Гвинеја.

Земјотресот се случил на длабочина од 65 километри, на околу 50 километри југоисточно од градот Кокопо, во близина на Рабаул, во североисточниот дел на земјата.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами, објавил дека се очекуваат бранови со висина до 3 метри, кои можат да удрат во Папуа, Нова Гвинеја и бранови од помалку од 0,3 м, кои ќе достигнат до далечни земји како Русија.

Неколку часа подоцна центарот го прекина предупредувањето, откако беа земени само 3-инчни бранови на пристаништето на Соломонови Острови, на околу 450 километри од епицентарот.

Во Рабаул жителите регистрирале зголемување на морското ниво на водата, поплавени паркинзи на трговскиот центар, кој се наоѓа во близина на плажа.

Властите во главниот град Порт Морсби се во постојан контакт со своите колеги во надворешните провинции, но неколку часови по земјотресот, се уште нема информации за штети и настрадани луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?