19 Декември, 2025
0.0955

МОЌНА,СТУДЕНА АРКТИЧКА БОМБА ДОАЃА ВЕЧЕРВА! Еве до кога ќе трае!

Објавено во: Македонија 27 Март, 2023 06:50

Добивај вести на Viber

Под влијание на циклонска активност од запад и на влажна и нестабилна воздушна маса, утре на многу места низ Македонија ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН југозападен ветер. Локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, а можна е и локална појава на суградица и град.

Во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон вторник и тоа поради спуштање на СТУДЕНА воздушна маса од север, очекуваме НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег на повисоките места и на планините (се очекува формирање на снежна покривка од 5 до 10 цм, на високите планини истата ќе биде и поголема), објави метеорологот, Славчо Попоски.

Во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник локално и слабо провејување на снег е можно понекаде и на пониските места (градовите). 

Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој локално ќе достигнува брзина од 80 до 90 км/час. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Исто така на граѓаните им препорачуваме своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, со цел да не дојде до некоја штета.

Температурите НАГЛО и ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат (за 10, понекаде и за повеќе од 10 степени). Најстуден ден ќе биде вторник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 11 степени.

Многу студено утро ќе имаме во среда кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, а на високите планински предели на северозапад дури и под -10 степени. Од четврток пак температурите ќе започнат да се покачуваат, особено преку ден а минималните температури сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата.

Инаку овој студен бран ќе зафати голем дел од Европскиот Континент и Балканот, а со тоа и Македонија и ќе донесе невообичаено ниски температури за крај на месец март. Освен студ, во многу предели од Европа, како и на Балканот ќе донесе и снег.

На земјоделците со време им препорачуваме да ги заштитат своите земјоделски култури од премрзнување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот