19 Декември, 2025
0.0485

МОЌНИ ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМИ ЈА ТУРКААТ ТОПЛИНАТА ОД АФРИКА КОН МАКЕДОНИЈА - најнова прогноза на Славчо Поповски

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2022 11:41

Добивај вести на Viber

Според последните анализи кој ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, ниските места (градовите) сигурно нема да ја добијат првата снежна покривка за оваа сезона до крајот на овој месец. Температурите и понатаму ќе продолжат да бидат барем малку над просекот за овој дел од годината, пишуваз на својот официјален фејсбук профил метеорологот Слав.

Токму ова е поради МНОГУ АКТИВНАТА Атмосфера над Атлантскиот океан. Таму се содаваат МОЌНИ Циклонски системи каде воздушниот притисок во центарот на истите опаѓа дури и под 965 htp. Сево ова ја турка топлината од Африка кон Европскиот Континент и Балканот, а со тоа и кон Македонија. Се додека Атмосферата над Атлантикот не се смири, кај нас зима и поголемо заладување нема!

Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Се надеваме дека ќе има некоја промена на временската состојба па така и да се надеваме дека до крајот на овој месец ќе го добиеме првиот снег во градовите низ Македонија. Исто така ако не дојде до промена на нумеричките модели, маглата и ниската облачност до крајот на месецов ќе биде честа појава во регионот, но и кај нас во Македонија.

Инаку денес навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре во Македонија следува брза промена на временската состојба, проследена со засилен ветер од северен и од североисточен правец и тоа најизразен Долж Повардарието. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините над 1.600 м.н.в ќе има повремени врнежи од СНЕГ. Температурите утре ќе опаднат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Наутро пак температурите и тоа особено од недела понекаде, и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат под нулата.

Од недела следува нов период на стабилно и суво време, но повторно по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот