„МОЛЧИ ВЛАДАТА, МОЛЧИМЕ И НИЕ“: семејствата на починатите во дискотеката „Пулс“ и денеска излегоа на улиците низ Кочани
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2025 21:33
Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“.
Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и инстутционална помош, како и за аудио и видео снимање на судската постапка.

- Молчи Владата, молчиме и ние, ќе чекаме да видиме што ќе биде во понеделник. Во меѓувреме гледаме премногу напади и обвинувања кон нас на социјалните мрежи. Довербата кон институциите е минимална, само пет проценти, затоа што ни беше кажано дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а веќе станаа четири и уште нема ништо. Веројатно ќе си играат со нас уште четири години - рекоа родителите на маршот.

Покрај родителите на починатите и членови на семејствата на повредените во трагедијата, имаше и граѓани од други градови во државата, но на денешниот „Марш за ангелите“ видлив беше помалиот број учесници во однос на претходно. Сепак, од Здружението „16 март 2025 – Кочани“ рекоа дека тоа воопшто нема да ги поколеба во нивните барања за правично судење и за добивање поддршка од државните институции.
Извор и Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




