19 Декември, 2025
0.1091

MOЛК ОД КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ: Продлабочување на кризата, нови избори или мандатот во раце на Заев?

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017 10:43

Добивај вести на Viber

По пропаднатите преговори за формирање на нов владин кабинет на двајцата долгогодишни коалициони партнери, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и највлијателната албанска партија на ДУИ Али Ахмети, сите очи се вперени во претседателот Ѓорге Иванов, од чиј кабинет има само молк.

Иванов, имено, според Уставот, мандатот за состав на Влада би требало сега да го довери на другата најголема партија, односно на СДСМ и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 51 пратенички мандат, СДСМ 49, а ДУИ се избори за само 10 мандати, значајно помалку во оснос на претходните избори.

Груевски, меѓутоа, инсистира на нови вонредни парламентарни избори, кои би биле одржани во април, заедно со локалните.

Додека се очекува огласувањето на Иванов, се поставува прашањето дали ДУИ со одбивањето на коалиционо партнерство со ВМРО-ДПМНЕ сакаше да му помогне на Груевски кој сака нови избори или, како што сметаат некои, искрено планира да учестввува во суштински промени.

Парламентарните избори одржани на 11 декември лани, и новата влада би требало да ја изведат земјава од речиси двегодишната политичка криза, но тоа за жал не се случува, бидејќи повеќе од месец дена од изборите, формирањето на нова влада повторно е на почеток.

Сите опции за формирање на влада и понатаму се отворени, а сите прсти покажуваат кон Иванов.

Иако се смета дека Уставот не е прецизен по прашањето на понатамошното дејствување на претседателот Иванов, едно е извесно, а тоа е дека тој има 10 дена од денес да одлучи дали мандатот ќе му го даде на СДСМ или можеби ќе го понуди на друг од ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот мандатар потоа ќе има рок од 20 дена да формира мнозинство, па во најдобар случај нова влада би можеле да добиеме во првата половина на март.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата