Момчето кое испраќало лажни дојави за бомби има 15 години
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2022 17:23
Кривична пријава „заработи“ малолетник од Кавадарци за „тероризам“, затоа што се закануваше со поставени бомби.
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци.
Тој на 4 декември годинава од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, на службените електронски адреси на три основни и три средни училишта, сите на територија на општина Кавадарци, испратил заканувачка порака за поставена бомба во објектот. На 12 месецов од истиот персонален компјутер на службената електронска адреса на основно училиште во Кавадарци, испратил заканувачка порака со слична содржина како претходната. Се работеше за лажни дојави за бомби.
Врз основа на издадена Наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 12 месецов е извршен претрес на дом и други простории каде што живее лицето, при што одземени се еден компјутер и мобилен телефон, кои ги користел кривично пријавениот.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши преглед на електронските уреди кои ги користел малолетникот, при што се пронајдени докази за испратените пораки со заканувачка содржина.
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска во одговор на новинарско прашање откри дека е уапсено одговорно лице за дојавата за лажни бомби во училиштата во Кавадарци во изминатиот период.Претходно, и момче од Скопје испраќало пораки со закана за поставени бомби. Полицијата го откри. Со месеци во Македонија има лажни дојави за бомби. Дојави имаше за училишта во Скопје, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




