19 Декември, 2025
0.0477

МОН: Доделени 54 милиони денари за научно-истражувачки проекти

Објавено во: Финансии 19 Јули, 2025 14:01

Добивај вести на Viber

Науката добива зголемена поддршка од Владата. Преку два јавни повика, Министерството за образование и наука распредели над 54 милиони денари на јавните научни установи за реализација на научно-истражувачки проекти, како и на високообразовните установи кои во соработка со бизнис заедницата спроведуваат проекти од посебен научен и јавен интерес што се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија, велат од Министерството за образование и наука.

Како што информира Министерството за образование и наука, со 23,7 милиони денари ќе се финансира реализацијата на осум проекти со кои осумте самостојни јавни научни установи, односно институти аплицираа на објавениот повик на МОН за доделување на средства за поддршка на нивната дејност, која е од висок стратешки и национален интерес за државата. Конкурсните услови предвидоа доделување до три милиони денари по проект, а резултатите се објавени на следниот линк.

Додека, пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација на државата ќе се финансираат со 30,4 милиони денари. Конкурсот кој за оваа намена беше објавен, предвиде распределба на средства во висина до најмногу 8 милиони денари по проект, а резултатите се објавени тука.

Министерството информира дека дополнително ќе бидат објавени и резултатите од третиот јавен повик кој е дел од програмата за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија за 2025 година, преку кој ќе се финансираат иновативни проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската академија на науките и уметностите. Секој прифатен проект ќе добие до 8 милиони денари.

Буџетот за наука во 2025 изнесува 680 милиони денари, што е речиси двојно зголемување споредбено со буџетот од 2024 година.

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра