26 Април, 2024
0.0279

МОН УВЕРУВА: Се подготвуваме за секакво сценарио, но не значи дека од 1.септември ќе се започне со онлајн настава

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

По бурата реакции и од страна на родители, како и наставници на најавата на Министерството за образование дека се подготвува Концепт за развој на далечинско учење, и веќе шпекулациите дека и новата учебна година нема да започне со класична настава и физичко присуство на учениците во школските клупи, МОН на барање на Фактор одговoри дека се работи интензивно на барање решенија за непречено одвивање на наставата во евентуално секакви сценарија кои се можни на есен.

- Република Северна Македонија и институциите на системот во земјата мора да имаат изготвен Концепт за развој на систем за далечинско учење, кој би бил применлив не само во кризни ситуации како актуелната предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид 19, туку и во секоја друга прилика кога за еден, повеќе или за сите ученици ќе има потреба да се организира далечинско учење доколку не посетуваат настава во училиште, поради било каква причина. Така што, изработката на овој документ не значи дека новата учебна година ќе започне и ќе се реализира исклучиво преку далечинско учење. Но, ние уште сега, преку еден инклузивен пристап на креирање решенија се подготвуваме за постапување при секое евентуално сценарио, вклучително и за настава од далечина доколку ситуацијата го наложи тоа.

Истовремено сметаат дека ништо не може да го замени наставниот процес во училница, но како што потенцираат, второто полугодие од оваа учебна година никако не можеше да се реализира поинаку, освен електронски, поради сериозната ситуација што ја наметна пандемијата со корона вирусот насекаде во светот, па и кај нас.

-Наставата во училница е незаменлива и ниту еден друг начин на реализација на воспитно образовниот процес не е толку ефикасен и ефективен каков што е процесот во кој физички присутни во една просторија се и наставниците и учениците, непосредно комуницираат и ја разработуваат и совладуваат наставната материја. Сепак, далечинското учење беше единствената опција која немаше алтернатива, за да продолжи и заврши учебната година, односно истата да не биде поништена и повторувана од септември. Далечинското учење подразбира спроведување на воспитно образовниот процес преку примена на средства за двонасочна електронска комуникација, која не мора да се случува во реално време, на пример преку видео коференциска врска да се реализираат предавањата и тестирањата постојано. Изборот на средства и начинот на комуникација го договараат непосредно наставниците, учениците и нивните родители, согласно можностите и условите прифатливи за сите засегнати. Така што, далечинското учење ниту досега не се реализираше во реално време, од причина што невозможно е сите ученици одеднаш да бидат пред своите компјутери, бидејќи во некои семејства можеби има еден ИТ уред, а неколку ученици, или пак, има ученици од пониските одделенија на кои им е потребна помош од родителите при ракувањето со ИТ уредот, а тие не се секогаш во можност да одговорат во конкретно време на барањата, ако се знае дека покрај оваа, родителската, извршуваат и бројни други улоги и обврски во текот на денот.

Според МОН, добредојдени се сите предлози и сугестии од страна на родителите, како и наставниот кадар за да се изнајде наjсоодветен начин образовниот процес да продолжи. Дел од наставниците, но и педијатрите кои ја следат здравствената состојба на децата, сметаат дека новата учебна година може да се одвива непречено и безбедно по здравјето, со добро подготвен план и стратегија за физичко присуство на учениците во школските клупи. Тие уште вчера апелираа до МОН дека мора да се изнајде модус наставата од 1.септември да почне во школските клупи, наместо да се развива Концепт за онлај настава.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот