Монтажна болница за Ковид-19 во дворот на кумановската болница, бара Димитриевски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Јули, 2020
Куманово бара да се постави монтажна болница за Ковид-19 во дворот на болницата.
Монтажната ковид-болница ќе го зголеми капацитетот за прием на пациенти, вели градоначалникот Максим Димитриевски.„На последниот состанок на општинскиот Кризен штаб за заштита и спасување поднесовме барање до Владата и Министерството за здравство да се вклучат со заеднички сили првично да создадат услови, а потоа и да се изгради монтажна ковид-болница во Куманово, со цел да се зголеми капацитетот на регионалната кумановска болница. Во моментов гледам дека се одвиваат такви активности во Скопје и во други градови, но сè уште немаме официјален одговор од Владата. Верувам дека во следниот период ќе се изгради таков објект и кај нас во Куманово“, изјави Димитриевски.
Општината ќе го подготви теренот, ќе обезбеди водоснабдување за објектот, а другиот дел од инвестицијата ќе го покрие државата.
Куманово е еден од градовите со највисок морталитет.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.