Добивај вести на Viber
Во период од една година,откако технички ја презеде владата, Марио Монти ја спаси Италија од должничка пропаст, но земјата сè уште страда од мерките за штедење. А изборите кои ке се случат во пролет 2013 лесно може да ги променат постигнатите резултати, а токму оваа можност ги загрижува европските партнери на земјата.
Поранешениот европски комесар за конкуренција, Монти Владата ја презеде на 16 ноември 2011 година. Во средината на финансиската криза во Европа, и тоа од Силвио Берлускони. Монти работи на сите полиња за да се спречи Италија да го следи патот на Грција. Неуморно се бори да ги намали разликите кои што ги предизвика кризата во земјата.
Под негово водство, Италија речиси ја заврши програма за маркетинг на своите обврзници за 2012 година. Со намалени приноси во споредба со летото што е знак дека довербата на инвеститорите е повратена.
За Операцијата „Спасување на Италија“ најголемите заслуги се препишуваат на Монти. Неговата итна инервенција во јавните финансии и личниот кредибилитет ја спасија земјата од должничка пропаст.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.