05 Декември, 2025
0.0281

Интервју: Ирена Аспровска Трајковиќ, сопственичка на салонот за подови ФЛОРИНГ

МОРА ДА СОЗДАДЕМЕ ПОДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА, ШТО ЌЕ ЗНАЧИ И ПОДОБРА ДЕЛОВНА КЛИМА

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 29 Јануари, 2022 11:55

Добивај вести на Viber

Ирена Аспровска Трајковиќ е сопственичка на салонот за подови ФЛОРИНГ, во Скопје. Таа се занимава со продажба, изведба, проектирање, надзор, реализација, со секојдневни презентации и контакти со клиенти и потенцијални соработници... А, тоа ја прави успешна деловна жена во тој машки форматиран деловен свет. Со неа разговаравме за женското претприемништво, но и за предизвиците во генералната деловна клима, како и за секојдневието на нејзината компанија.

Како е да си деловна жена во една индустрија којашто се смета за типично машка? Што значи да си растрчан од еден до друг проект? Дали имаш искуство од погледи што велат “Па што бара оваа жена тука?”.

Во градежништвото одамна жената е сè повеќе застапена, така што не би се согласила дека е типично машка. Сепак, тежината на обврските дозволува да се нарече машка, како и водењето и контролирањето на екипите на теренот – што сам по себе е специфичен и тежок процес.

Бидејќи, во оваа област од градежништвото, како што се завршните занаетчиски работи, делови од ентериер, сум вклучена од почетоците на мојот работен ангажман, не можам да кажам дека е нешто ново и ниту дека сум имала проблем од типот “што бара оваа жена тука”. Сите проекти за мене се предизвик. И секоја презентација, како и изведба, колку и да се понекогаш тешки, по добрите резултати – сè се заборава.

Како гледаш на женското претприемништво во државата? Дали жените имаат еднакви шанси – и како сопственички на бизниси и како менаџери на тие бизниси?

Ми се допаѓа што сè поголем број жени се охрабруваат да започнат сопствен бизнис и многу од нив докажаа дека може да се успее дури и во типичниот машки бизнис, што баш и не е лесно да се опстане. Бидејќи, жената не секогаш е во можност да го следи машкото темпо на секојдневието во деловите води. Сепак, обврските и во домот си го прават своето и не е едноставно да се исполнат секогаш и во секое време.

Во што ги гледате предизвиците во генералната деловна клима? Што државата може да направи дополнително или што не прави, а треба?

Најнапред, легислативата мора да биде за да може да се прават долгорочни планови, Понатаму, мора да има еднакви услови за сите економски оператори, односно критериумите мора да се исти и за странските и за домашните инвестотори. Државата мора да создаде еднаков деловен амбиент за сите што се натпреваруваат на пазарот.

Конечно, иманентно е да се создава нова и да се обновува старата патна инфраструктура, не може да ја имаме оваа и ваква железница во 21от век, на пример,  и слично. Добрата инфраструктура значи и подобра деловна клима и брза реакција на бизнисите.

Како се справуваше и сè уште се справува Вашиот бизнис во време на корона, ограничувања на движење и слично? Како успевате да ги анимирате потенцијаните клиенти?

Иако сум во оваа гранка од градежништвото поприлично долго и како дел од фамилијарен бизнис, од 2019 година продолжив сама да се борам и да ги докажувам своите квалитети. Секако и да менаџирам во време кога короната ни беше на прагот и во текот на целиот овој период. Коронавирусот го смени начинот на игра и водењето бизнис. Искрено, многу тешко се справувавме, бидејќи многу работи застанаа, состаноците и презентациите беа запрени поради ограничување на движењето и сите средби беа изведувани on-line, што баш и не начин на преговарање во нашиот дел од градежништвото. Се работи за производи кои се поскапи и квалитетот и дезените не се пренесуваат едноставно преку слика on-line.

Социјалните мрежи потпомогнаа да останеме на пазарот барем колку е можно повеќе да ги информираме нашите потенцијални клиенти за сите производи, активности, новини и слично. Но, исто така, ја развивме и нашата on-line продавница, направивме виртуелни точки на разгледување и посета и употребувавме различки дигитални алатки. Така што сега сите заинтересирани можат најнапред да го проверат и да го ѕирнат нашато портфолио на сајтот www.flooring.mk.

Кои се трендовите во оваа индустрија? Што преферираат потрошувачите – и за дома, но и за големите деловни објекти? Конечно, кои се плановите за развој на Флоринг во следниот период?

Сите видови подови си имаат своја поделба во зависност од типот и намената на објектот. Паркетите, односно подовите од природно дрво даваат топлина и естетика на подот која не би можела да се замени со ништо, за секој дом. Се соочивме оваа година со голем број поскапувања особено на дрвените производи / паркетите и тоа уште повеќе ја отежни продажбата на овие подови, со што клиентите се решаваат за некој поевтин производ кој би го заменил паркетот.

Пазарот постојано има новитети и ние ги следиме трендовите на производителите на сите подови и се трудиме на нашите купувачи тоа да им го презентираме и да им го понудиме со сите дополнителни информации. И, нормално, да им помогнеме во финалниот избор, како во тип, квалитет и дезен на подот кој би се вклопил во нивниот ентериер. Планираме да внесеме нови производители во оваа гранка на нашиот пазар, како и да ги запознаваме клиентите со сите нови можности за збогатување на топлината на нивниот дом, нивниот деловен простор, ресторан, хотел, односно да им помогнеме во изборот на топлите подови. 

Пр објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници