Морачанин: Нема простор за ново мнозинство, има укажувања за датум за преговори
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021 15:30
Коалиционите партнери на премиерот Зоран Заев, кој синоќа си поднесе оставка кажаа дека на Македонија и треба стабилна Влада, и дека се очекува енергетска криза.
Од ЛДП и ДОМ кажаа дека очекуваат да слушнат кои се плановите за понатаму, каде ќе се движи Македонија. Маја Морачанин од ДОМ вели дека нема простор за ново мнозинство, и дека има укажувања за датум за преговори. Тие се надеваат дека ќе почнеме преговори со ЕУ.
„На Македонија и е потребна стабилност. Се соочуваме со криза и се уште трае пандемијата на Ковид-19. И ДОМ и ЛДП се прогресивни партии, а во следниот период веруваме дека ќе се отпочне процесот за преговори со ЕУ. Ние нема да инсистираме да се повлече Заев, чија оставка тој кажа дека е од морални и етички причини. Но, мора да разговараме и да знаеме кои се визиите на новиот премиер, да видиме која е идејата“, рече Морачанин.
Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево, пред средбата на коалициските партнери со премиерот во оставка Зоран Заев, изјави дека не треба да има предвремени парламентарни избори, туку дека актуелната Влада треба да продолжи со работа.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска изјави дека ништо драматично нема да се случи по најавената оставка на премиерот Зоран Заев.
„Ништо посебно, не гледам никаква причина нешто драматично да се случи. Сакаат да ја изместат темата. Беа локални избори. Ако сакаат да зборуваат за легитимитет на влада, оваа влада и на овие избори има легитимитет. Апсолутно има многу повеќе гласови од опозицијата. Мислам дека ништо драматично нема да се случи“, рече Тачи пред Владата, каде замина на состанко на коалиционите партнери.
Можеби ќе ве интересира
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта




