07 Ноември, 2024
0.0283

МОРБИЛИТЕ ГО ВКЛУЧИЈА АЛАРМОТ: Родителите ќе бираат меѓу кривична и вакцина

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Епидемијата на мали сипаници во главниот град го вклучи алармот. Надлежните предупредуваат дека родителите може да бидат кривично гонети ако продолжат да одбиваат вакцинации за нивните деца.

Првиот човек на здравството упати апели родителите да ги следат препораките на министерството во услови кога е прогласена епидемија. Во спротивно може да платат и казна од неколку стотина евра.

Во моментов во градинките им се дозволува доаѓање само на вакцинираните деца иако има и такви кои се заболени и покрај имунизацијата.

Венко Филипче посочи дека согласно правилникот за имунизација , кога не постои епидемија обврска на родителите е да ги вакцинираат децата и потврдата да ја донесат при уписите во градинка.

Позитивно за вакцините неодамна во интервју за Фактор се изјасни и актуелната директорка на Клиниката за детски болести и имунолог Катарина Ставриќ.

Според она што таа го кажа годинава ќе бидат воведени уште две задолжителни вакцини за пнеумокок и за рота вирусна инфекција кои ќе се спроведуваат во првата година. Со тоа Македонија ќе се изедначи со вакциналните календари на европските земји.

„Со вакцинирање на децата родителите го чуваат здравјето на сопственото дете, но истовремено со тоа го чуваат и унапредуваат здравјето и на другите деца. Со тргнување во градинка и во школо, децата треба да бидат индивидуално заштитени, но истовремено треба и да се чува и здравјето на сите деца во училиштето или градинката тое е т.н колективен имунитет. Ретко постојат одредени контраиндикации за вакцинација и тоа се одредени состојби кај кои привремено не се спроведува вакцинацијата затоа што овие деца се под ризик од разболување“, додава Ставриќ која нагласува дека и тие деца имаат уставно право да посетуваат градинка и школо, но да бидат заштитени од потенцијални инфекции за кои постои превенција.

Вакцините се спас за човештвото и најголема придобивка, велат повеќето педијатри во државата. 

„Се обидувам да им одговорам на сите нивни прашања со одговори поткрепени со научни докази за да им ја објаснам важноста на вакцинацијата како една од најдобрите придобивки на човештвото. Децата се заштитуваат од болести кои се шират многу лесно и може да се предизивикаат епидемии. Тоа се особено тешки болести во доенечкиот период и не ретко може да завршат и со летален исход или да остават доживотни последици по здравјето на детето“, дополнува проф.др. Ставриќ .

Сепак има и родители кои го менуваат мислењето за вакцините по разговор со стручни лица и имунолози но драстичниот пад на опфатот со имунизација во последниве години ја вброи Македонија во групата на високоризични земји за ширење на заразни болести. Здравствените власти се загрижени дека доколку овој тренд продолжи и понатаму, може да се случи појава на епидемија на болести кои се одамна искоренети.

Вакцини, придобивки или опасност?

Тешко е потоа да се објасни дека детските болести во глобала се случуваат некаде во истиот период кога се реализира имунизацијата.Токму затоа, многу поедноставно е мајките, за да ја смират својата паника, да донесат одлука водена од емоциите. Во целата атмосфера, дополнителен зачин се и непрофесионалните медиуми кои наместо вистински и професионално да истражуваат, полесно им е да пласираат трогателни приказни кои дополнително ќе ја запалат јавноста. Реакциите против вакцините не се јавуваат само сега. Се јавувале и претходно. Во Англија во 70тите години од минатиот веќе се рашири приказната дека вакцините против големата кашлица се штетни, а се резултат на фармацијата и нејзините интереси. Големата кашлица која беше искоренета како болест, се повтори кај голем број деца. Брзо потоа луѓето ја сфатија поуката и почнаа повторно да ги вакцинираат децата, по што болеста се повлече. Психолозите направиле истражување како се раѓаат периодите на движење против вакцините. Откриле дека еден од главните проблеми е фактот што младите мајки никогаш не живееле во време кога некоја опасна болест напаѓала сериозно. Тие не живееле во време кога илјада бебенца умирале од таквите болести против кои се вакцинира. Оваа илузија води до ирационални постапки. Мајките живеат во уверување дека тие болести се минато, па одлучуваат да не вакцинираат. За жал, тоа може да не исправи пред сериозна опасност.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

„ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН НАЈДОЛНАТА ЛИНИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА СВЕТОТ ВО 21 ВЕК“: Најчевска не е задоволна со изборот на американски претседател

„ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН НАЈДОЛНАТА ЛИНИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА СВЕТОТ ВО 21 ВЕК“: Најчевска не е задоволна со изборот на американски претседател

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

„СЕКОЈ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ“: Тошковски најави нови кривични пријави за злоупотреби во институциите

„СЕКОЈ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ“: Тошковски најави нови кривични пријави за злоупотреби во институциите

ПРИБАВУВАЛ И НУДЕЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ: жител на Велешта доби притвор

ПРИБАВУВАЛ И НУДЕЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ: жител на Велешта доби притвор

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

Судскиот совет ја избра Анита Јораданова за в.д. претседател на ОС Берово - претходно ја избра за апелационен судија

Судскиот совет ја избра Анита Јораданова за в.д. претседател на ОС Берово - претходно ја избра за апелационен судија

„ВРЕМЕ Е ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ДА ГО НАУЧИ ДЕЛОВНИКОТ“: Град Скопје со остра реакција

„ВРЕМЕ Е ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ДА ГО НАУЧИ ДЕЛОВНИКОТ“: Град Скопје со остра реакција

НАЧАЛНИК ЈА КОРИСТЕЛ ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Полицијата му поднесе кривична пријава

НАЧАЛНИК ЈА КОРИСТЕЛ ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Полицијата му поднесе кривична пријава