25 Ноември, 2024
0.0263

„Морган Стенли“: Во 2013 Банката на Јапонија ќе ја „освои“ Европа

Објавено во: Свет 17 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Листа на можни макроизненадување во 2013, состави американската инвестициска банка „Морган Стенли“ , меѓу кои дека Банката на Јапонија ќе ја „освои“ Европа со купување на владините обврзници на проблематичните земји, дека изборите во Италија ќе го уништат еврото, а кинеските власти ќе ја задушат економијата со сопствени раце, додека Русија ќе тежнее кон повторно воспоставување на Советскиот сојуз.

Ова се само неколку случувања, кои следната година ќе го променат текот на историјата и ќе предизвиккаат кај повеќе инвеститори вистински турбуленции, укажуваат аналитичарите на банката.

„Морган Стенли“, која веќе 30 години во декември објавува листа на макроекономски случувања, кои можат да ги зачудат и вознемират учесниците на пазарите, оценува дека веројатноста тие да се обвистинат е 50 проценти.

Според сценариото за следната година, растот на светската економија ќе остане во „зоната на самракот“ - некаде меѓу почетокот на стабилен раст и можен повторен пад во рецесија.

Проблемот на инфлацијата во светската економија изчезнува, иако брзото воспоставување на економскиот раст во САД и Кина, шоковите на пазарите на прехранбената индустрија или значителниот раст на активите на централните банки може да доведе до скок на реалната и очекуваната инфлација.

Регулаторите во тој случај нема да ризикуваат и да преземаат какви било сериозни мерки заради стопирање на растот на цените во светот, со оглед на значителната кревкост на светскиот финансиски систем и зависноста од ниските каматни стапки. Централните банки најверојатно ќе ги игнорираат инфлаторните скокови или сосема ќе се откажат од своите цели за инфлација.

Растот на цените на пченицата ќе доведе до нови немири и бунтови, прогнозираат аналитичарите на „Морган Стенли“.

Американските политичари нема да успеат да се договорат за намалување на буџетскиот дефицит  и САД на почетокот на следната година ќе почнат да паѓаат во „фискална бездна“. Реакциите на пазарите меѓутоа ќе ги принудат демократите и републиканците на брзо постигнување спогодба, по што економската доверба веднаш ќе почне да се зголемува, како и инвестициската активност, а исто така ситуацијата на пазарот на труд забрзано ќе се подобри.

Банката на Јапонија ќе почне агресивна борба против јакнењето на курсот на јенот, а дел од таа стратегија ќе биде купувањето на обврзници на членките на еврозоната, со цел да се намали курсот на јенот, пред Европската централна банка да почне со реализација на својата програма за купување на обврзниците на проблематичите земји.

Јапонската централна банка, додека ЕЦБ ќе ја чека Шпанија да побара помош од антикризниот фонд ЕСМ, ќе купува обврзници од тој фонд и високодоходни обврзници на земјите од Централна Европа и ќе стане главен кредитор на еврозоната.

Кампањата пред предвремените избори во Италија, кои веројатно ќе се одржат во февруари, се одвива во услови на жестоки критики на мерките за строго буџетско штедење, што ги плаши инвеститорите, кои стравуваат дека таа земја би можела да го напушти еврото.

Според сценариото на „Морган Стенли“, паниката на пазарите ќе ја принуди Италија да се обрати за помош до спасувачкиот фонд на еврозоната, а потоа Италија, а не Шпанија, дава знак за почеток на програмата на ЕЦБ за купување обврзници. За инвеститорите меѓутоа таа одлука ќе стигне предоцна, тие ќе ги распродаваат еврото и хартиите од вредност на периферните членки на еврозоната. Италија на тој начин ќе биде покренувач на нова криза.

Инвеститорите ќе најдат имаат нова грижа, со оглед на тоа дека веќе се навикнале на помислата дека Грција во догледна иднина ќе остане во еврозоната и почнуваат да стравуваат за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Кога станува збор за Кина, властите на земјата, неочекувано за сите ќе одлучат во раниот стадиум на економско закрепнување да преземат шок терапија и силно да ги заострат финансиските услови во државата, што ќе доведе до замрзнување на ликвидноста во банкарскиот систем, остро ограничување на кредитирањето и отпочнување на серија банкроти поради неможноста за враќање на кредитите.

Претседателот на Бразил Дилма Русеф ќе продолжи со исполнувањето на ветувањата за реализација на амбициозната програма за изградба на инфраструктурата во шесттата по големина економија во светот, што ќе доведе до пораст на инвестирањето во земјата, како и до силно јакнење на нејзината валута, реалот.

Во Русија претседателот Владимир Питин успешно ги мами Украина и Евроазиската централна унија во замена за поволни испораки на руски енергенс. Вратата на ЕУ за украинските власти се затвора, имајќи предвид дека е невозможно истовремено да се биде член на двете структури. Лидерите на постсоветскиот простор - Русија, Украина, Белорусија и Кзахстан, според прогнозите на „Морган Стенли“ повторно се заедно.

Отстранувањето на трговските и инвестициските бариери доведува до силен скок на екомомскиот раст во тој регион. Курсевите на украинската гривна и белоруската рубља во таква поволна клима се стабилизираат, прогнозира „Морган Стенли“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната