16 Декември, 2025
0.0539

Москва ги врти вентилите? Балканот може да остане без гас!

Објавено во: Балкан 25 Март, 2014 12:52

Добивај вести на Viber

„Газпром Експорт“, дистрибутерот на руски гас за Босна и Херцеговина, веќе ја предупредил босанската државна енергетска компанија „БХ-Гас“ дека може да остане без снабдување како последица на тензиите меѓу Русија и Украина, пишува „Дневни аваз“. Според весникот, испораката би можела да биде доведена во прашање не само за Босна и Херцеговина, туку и за другите балкански земји, па дури и за некои членки на Европската унија. Според весникот, главна причина за ваквата можност е тоа што главниот гасовод преку кој се пренесува рускиот гас до балканскиот регион минува низ Украина, а не се исклучува можноста властите во Крим да донесат одлука да се забрани транзитот на енергенсот низ украинска територија. „Во моментот никој во светот не може да предвиди како ќе се развива состојбата во односите меѓу овие две земји од што ќе зависи и редовното снабдување“, изјави директорот на „БХ-Гас“, Мирза Сендијаревиќ, кој потврдил оти неговата компанија добила известување од рускиот дистрибутер за можни проблеми во снабдувањето.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени