Москва го обвини ОН за двојни стандарди
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2015 21:45
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров посочи дека ОН применува двојни стандарди во светската политика и побара мерки против нив, објавија руските медиуми.
„Веднаш треба да се преземат решителни мерки за ослободување од двојни стандарди во светската политика, враќање на улогата на Советот за безбедност на ОН на водечки орган за координација на колективниот пристап, потпирајќи се на почитување на културно-цивилизациска разновидност на современиот свет“, изјавил денеска Лавров на отворена дебата во Советот за безбедност на ОН по прашањата за одржување на меѓународниот мир и безбедност.
Според зборовите на Лавров, советот станува арена на пропагандиско противење, а во исто време го напушта процесот на изнаоѓање на клучни меѓународни решенија.
„Време е да се одговори на прашањето: Сакаме ли всушност го гледаме Советот за безбедност на ОН како ефикасена и влијателна алатка за одржување на мирот и безбедноста, или сме подготвени да дозволиме да се претвори во арена на пропагандиско противење, што ќе доведе до исклучување на советот од процесот за изнаоѓање на клучни меѓународни решенија“, прашал Лавров.
Според дипломатот број еден на Русија тоа неизбежно ќе доведе до негативен ефект на меѓународно и регионално ниво. Русија нуди ажурирање на раководството (директориум) на ОН за мирно решавање на споровите меѓу државите, изјавил Лавров.
Во почетокот на 90-тите години на XX век, секретаријатот подготви водич за мирно решавање на спорови меѓу две држави. Можеби е време да се ажурира оваа публикација, додал Лавров.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




