Москва загрижена за политичката криза: Старите партнери Груевски и Ахмети добија поддршка
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017 18:29
Oфицијална Москва коментирајќи ја ситуацијата во земјава на индиректен начин ја поддржа владеачката гарнитура, односно Никола Груевски и Али Ахмети.
Во коментарот на руското министерство за надвореши работи пишува дека Москва „констатира сериозно продлабочување на политичката криза во Република Македонија. Станува очигледно дека „вештачки предизвиканите“ вонредни парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година не водат кон регулирање на ситуацијата.
Се чини дека целата работа е во тоа што под псевдодемократските слогани продолжува грубото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија. Целта е очигледна - збогување со непожелните за Западот македонски политичари, да се реформатира власта и покрај изразеното мислење на граѓаните во текот на гласањето во корист на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од Н. Груевски и Демократската унија за интеграција на А. Ахмети.
Особена загриженост предизвикува фактот дека во мултиетничка и мултиконфесионална Македонија, каде се случи тежок меѓунационален конфликт, политичарите на една етничка заедница, врз основа на однадвор диктирани ултимативни барања, фактички решаваат кој од блоковите ќе влезе во составот на идната владејачка коалиција. Бесрамното, макијавелистичко манипулирање со волјата на гласачите се заканува со експлозија на ситуацијата како во самата Македонија, така и да ја наруши кревката стабилност на целиот балкански регион.
„Убедени сме дека само целосното отфрлање на погрешната практика на надворешно управување, потпирањето врз реалната демократија, преминот кон решавање на внатрешните проблеми од страна на балканските држави се основа за градење на довербата меѓу народите кои живеат тука и за формирање на клима на безбедност и соработка во регионот.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




