07 Април, 2025
0.1739

МОСТОТ ГОРНО - ДОЛНО ЛИСИЧЕ ОТВОРЕН САМО ЗА ЛЕСНИ ВОЗИЛА: повик до жителите на Аеродром да пријават штети

Објавено во: Македонија 03 Април, 2025 11:21

Добивај вести на Viber

По обилните дождови и надоаѓањето на Маркова река пријавени се повеќе штети. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во последните 24 часа имало вкупно 1.766 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Поради интензивните врнежи од дожд и излевањето на Маркова Река, се поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче. 

Од ЦУК информираат дека до 10.00 часот, состојбата е стабилизирана со намалено ниво на вода, а ЈКП Комунална интервенирала со чистење на речното корито. 

Мостот кај Љубош бил привремено затворен, но до 11:15 е пуштен за сообраќај по контрола, со планови за дополнително зацврстување.   

Општина Аеродром: Пријавени поплавен магацин и оштетен коловоз на Булевар „Кузман Јосифовски-Питу“.

Мостот меѓу Горно и Долно Лисиче е отворен само за лесни возила.  

Општина Кисела Вода: Оштетени 110 пчелни семејства и сандаци кај Сепарација, поплавен мебелски салон на Булевар „Борис Трајковски“, и нанос на дрвена маса во каналите кај Драчево.   

Општина Студеничани: Продолжени пријави за поплавени објекти во Батинци, вклучувајќи оштетен магацин.  

Општина Чучер Сандево: Реката кај мостот кон Kучевиште не претставува опасност по проверкатa.

По информациите за излеаната река, но и поради обилните дождови многу луѓе од општина Аеродром се пожалија на штети, а општината најави поддршка. Тие укажуваат дека жителите кои имаат имот во поплавеното подрачје, за да ги пријават штетите треба да поднесат пополнет образец кој можат да најдат на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari, како и во Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче.  

- Покрај пополнување на ова барање, подносителите треба да достават важечки документ за идентификација, доказ за сопственост (копија од имотен лист), како и фотографии од локацијата по претрпената штета -  стои во соопштението од Општина Аеродром.

Пополнетиот образец граѓаните кои имаат штети ќе можат да го поднесат во Архивата на Општината или во Урбаната заедница во Горно Лисиче.  Рокот за поднесување е десет работни дена, а како почетен датум се смета денот на излевањето на Маркова Река, што се случи во вторникот (1 април) и ќе трае заклучно со 14 април.  

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа од своето корито, што доведе до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци, како и во делови на Пинтија.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ОВА НЕ СМЕЕ НИКОЈ ДА ЗНАЕ, МОЖЕ И ГЛАВИ ДА ЛЕТААТ“: Кешишов во судот истакна дека не знаел каков бил планот

„ЗА ОВА НЕ СМЕЕ НИКОЈ ДА ЗНАЕ, МОЖЕ И ГЛАВИ ДА ЛЕТААТ“: Кешишов во судот истакна дека не знаел каков бил планот

„ПРАШАЊЕТО Е, КОЛКАВ ИМОТ ИМА ПАРТИЈАТА СЕГА“ - Никола Петров од Левица вели дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии според квадратура на имот во Европа

„ПРАШАЊЕТО Е, КОЛКАВ ИМОТ ИМА ПАРТИЈАТА СЕГА“ - Никола Петров од Левица вели дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии според квадратура на имот во Европа

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ДОКТОРИТЕ - се зголемува капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија за 33 отсто, за стоматологијата за 23 проценти

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ДОКТОРИТЕ - се зголемува капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија за 33 отсто, за стоматологијата за 23 проценти

НАД 500 КАЗНИ ЗА НЕПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА, 250 ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА - МВР викендов казни дури 2.553 учесници во сообраќајот

НАД 500 КАЗНИ ЗА НЕПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА, 250 ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА - МВР викендов казни дури 2.553 учесници во сообраќајот

Уапсен тинејџер кој со „голф“ усмртил малолетничка во скопско

Уапсен тинејџер кој со „голф“ усмртил малолетничка во скопско

(ФОТО) Заев гласаше за Филипче за претседател на СДСМ

(ФОТО) Заев гласаше за Филипче за претседател на СДСМ

Телото на Карадакоски донесено од Литванија

Телото на Карадакоски донесено од Литванија

Никола Груевски објави фотографија стара 19 години: Бев претставен како брокер пред УМС

Никола Груевски објави фотографија стара 19 години: Бев претставен како брокер пред УМС

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори