Мотоциклист удри во ограда и почина во центарот на Скопје
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2022 11:14
Возач на мотоцикл починал откако се забил во ограда во скопската населба Капиштец во Општина Центар на улицата „Елисие Поповски – Марко“ синоќа нешто пред полноќ, објави МВР.
Со возачот имало и сопатничка која во сообраќајната несреќа завршила со телесни повреди.
„На 11.05.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда. По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.
Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје“, стои во полицискиот билтен.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




