29 Април, 2024
0.0297

МОЖЕ ДА ИМАМЕ И ДИЈАМАНТИ: Концесиите за минерални суровини меѓу интересите и желбите

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во Македонија долго време немаше Геолошки завод, нема карти, ниту бази на податоци па затоа државата не ни знае со какви  резерви на минерални суровини располага. Државата нема увид во состојбата, во експлоатираните количини, ниту пак има Стратегија за рационално и одржливо искористување на минералните суровини. Познавачи велат дека поради ова, законските решенија се носат со импровизации и без анализа. Министерството за економија подготви законски измени со кои го регулира на друг начин одземањето на концесиите по што реагираа од Стопанската комора и дел од концесионерите. Познавачите велат дека ситуацијата е покомплицирана и дека мора да се решава системски.

„Ако бевме свесни за значајноста на институцијата Геолошкиот завод, денес ќе знаевме со што располагаме и ќе имавме Биланс на резерви на минерални суровини со увид во состојбата, во експлоатираните количини и во останатите рудни резерви. Ќе имавме и Стратегија за рационално и одржливо искористување на минералните суровини.Бидејќи не сме и немаме, денес се импровизира со ад хок законски решенија и постапки и се загрозуваат инвестициите во рударството и интересот на државата. Затоа наместо импулсивни и инстант решенија, неопходен е системски пристап во сферата на геолошките истражувања и рударството, вели Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора.

Геолошкиот завод е една од првите институции кои се формирани по втората светска војна во нашата држава, но од деведесетите години до 2012 година ваква институција кај нас не постоеше. Поради тоа што нема карти и нема бази на податоци земјата не знае точно со што располага.

Димовска вели дека е право на државата да доделува и да одзема концесии, затоа што, се што се наоѓа во „утробата“ на територијата е на државата. Дополнително, уставно природните богатства се добра од општ интерес, но вели, уставно државата треба да обезбедува и економски раст и да се грижи за тоа.

„Затоа, кога се доделуваат, но и кога се одземаат концесии за експлоатација на минерални суровини, тоа мора да е врз строго утврдени правила, со цел економски развој без да се загрозува животната средина, во постапки кои се правно издржани и кои се извесни, по претходно утврдени „правила на игра“, вели Димовска.


Заклучно со август 2019 година доделени се 358 концесии за експлоатација на минерални суровини, од кои најзастапени се тие за неметалични минерални суровини односно за варовници, кварц, глини, понатаму концесии за јаглен и украсен камен  или мермер, гранит, травертин, оникс, но и за вода, песок и чакал. Од металичните минерални суровини доделени се концесии за бакар, злато и сребро, олово, цинк, антимон манган и железо.

Според последните статистички податоци во третото тримесечје од 2019 година Секторот Рударство и вадење камен вработува 6.619 лица. Стопанството тврди дека овој сектор има голема важност за некои македонски региони и значајно придонесува во БДП на национално ниво.

Димовскa вели дека секторот би можел да биде и позначаен ако на пример, државата стимулира поголем степен на обработка на минералните суровини кај нас, со што би се зголемила додадената вредност врз економијата, наместо истите како суровини со низок степен на обработка да се извезуваат во странство.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка