05 Декември, 2025
0.0322

МОЖЕБИ ЌЕ БИДЕШ ТИВОК УБИЕЦ БЕЗ ДА ЗНАЕШ: Вирусот се пренесува и преку зборување, носи маска

Објавено во: Свет, Корона Вирус 06 Април, 2020 07:20

Добивај вести на Viber

-Луѓе што немаат симптоми можат да инфицираат други со зборување, но дури и најобична маска може да не спречи да шириме заразни капки. Може да влезеш во продавница и да заразиш луѓе без да знаеш. Некои можат и да умрат.

Ваква загриженост се појави кај мене откако ги прочитав информациите од Роман Волфел и неговите колеги, обајвени оваа недела во магазинот Nature. Пишува дека луѓето се најзаразни во првата недела по заразувањето со Ковид-19. Во текот на таа прва недела тие покажуваат многу малку симптоми, а може и воопшто да ги немаат.

Со други зборови, овој вирус се движи како тивок убиец, со несакана придружба. Можеби ќе бидеш еден од нив. Најдобриот начин да го превенираш тоа: носи маска и чувајте го растојанието. Не морате да носите премногу „фенси“ маска. Дури и едноставно парче ткаенина која ја покрива устата може да го спречи убиецот.

Весникот The Wölfel наведува дека мораме да се ги фокусираме нашите напори за да го спречиме прскањето на капките. Ова е поради тоа што вирусот се пренесува преку капките од плунката кога зборуваме. Не можеме да ги видиме но, тие се тука. Ние исто така знаеме дека капките можат да отидат и многу повеќе од тие 1.84 метри кои се сметаат за безбедно растојание.

Истажувањето кое е поддржано од добитникот на Нобелова награда, вирологот Харолд Вармус ни кажува дека ставање слој на ткаенина пред нашето лице, спречува 99 проценти од капките.

Науката е јасна. Ние не знаеме кога сме болни. Ако сме болни, тогаш кога зборуваме ние исфрламе вирусни капки во воздухот. Носењето едноставна маска од ткаенина ги запира капките.„Нема да носам медицинска маска бидејки им е потребна на клиничарите“ вели др Харви Фајнберг, шеф на Националната Академија на Науките и на комитетот за заразни болести. „Но, имам фенси марама што можам да ја ставам, секако имам повеќе можности“. Фајнберг го води одборот на експерти кои неодамна ја објавија експертизата која наведува дека вирусот може да се пренесе преку зборување, па дури и дишење.

Истовремено, проф. Дејвид Хајман од СЗО, вели: Сметам дека носењето маска е еднакво ефективно или поефективно од дистанцирањето.

Во една статија во изданитето Nature од петокот, за петгодишна студија од универзитетот на Хонг Конг и универзитетот на Мериленд покажува дека едноставна  маска блокира 100 проценти од капките на Корона вирусот. Има многу голема разлика помеѓу тоа што науката го кажува и тоа што го прават земјите. Маската е можеби најважното оружје во нашата војна со вирусот, но ние не ја ни употребуваме.

СЗО е се уште на ставот дека маска треба да носат болните и здравствените работници. Со новите сознанија ова нема никаква смисла бидејки многу луѓе не ни знаат дека се инфицирани, па затоа не е ни чудо што могумина се збунети дали да носат маска.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат