18 Декември, 2025
0.2127

Може ли Обама да ја победи ИСЛАМСКА ДРЖАВА од воздух?

Објавено во: Свет 23 Септември, 2014 08:02

Добивај вести на Viber

Стратегијата на претседателот на САД Барак Обама за уништување на џихадистичката организација "Исламска држава" изгледа зависи од воздушни напади, проследени со во моментов отсутната сила на сириските бунтовници и ирачките војници, пишува Хајдер Али Хусеин Малик, професор во постдипломската школа на морнарицата и професор на колеџот на Морнарицата. Според Обама оваа стратегија ќе доведе до отстранување на терористите на ист начин на кој САД дејствуваа во Јемен и Сомалија. Реалноста е дека неколкуте победи против Ал Каеда во Сомалија, Јемен и Пакистан не се производ само на воздушната моќ на САД, туку комбинација од активностите на копнените сили, советници и специјални сили и нешто исклучително важно - години на промовирање на локалната власт и воената реформа, наведува Малик. Ако се отсутни такви иницијативи за безбедност и политички иницијативи, стратегијата за борба против тероризмот на Обама е предодреден да пропадне, предвидува тој. Постојат две важни лекции од искуството во Сомалија, Јемен и Пакистан за војната против "Исламска држава". Прво, воздушните напади без копнени сили не функционираат. Иако има иновации, како што се напредното таргетирање, разузнавањето, надзорот, засега не е откриена замена за очите, ушите и нозете на земјата. Такво присуство САД имаше во Сомалија, Јемен и Пакистан, иако мисиите беа исто така само за борба со тероризмот, нагласува тој. Американските војници во Сомалија, Јемен и Пакистан беа директно вклучени во борбата против Ал Каеда, ги бранеа советниците, ги бележеа целите за воздушните напади, транспортираа локални војници, придонесуваа за нивната обука, одржуваа операции и работеа во тесна соработка со други агенти и локални полномошници. Втората лекција е дека подобрувањето на локалното управување и изградба на воените сили е тешко, но сепак тоа е најдобро оружје против повторувачкиот исламски радикализам, коментира Малик. Се разбира, Вашингтон не може да ја поправи локалната политика во распаднати држави кои се вклучени со децении во конфликт, кој се влошува поради етнички и религиозни поделби, нагласува тој. И покрај напредокот во Јемен, Сомалија и Пакистан, властите таму се задишани од проблеми поради пропусти во управувањето и имаат потреба од силна стратегија за разоружување, демобилизација и реинтеграција, владеење на законот и обезбедување на верските слободи. Племенските и верски поделби продолжуваат да се закануваат на сомалиските и јеменските сили, а пакистанските воени и разузнавачки служби се широко сфатени како симпатизаери на талибанците во Авганистан, забележува тој. Реално е САД да испратат од 4 до 6 илјади војници, за да се помогне во процесот на собирање на разузнавачки информации, да се обучуваат сириските бунтовници, да се оживее ирачката армија, да се изгради национална гарда и да се исполнат други важни задачи. Тоа најверојатно би траело околу две години. Во меѓувреме дипломатијата треба да инсистира на подобрување на управувањето во Ирак, вклучувајќи обезбедување на репрезентативност на сите главни етнички и верски групи во ирачките и сириските сили за безбедност. Победувајќи непријател како "Исламска држава" нема да биде лесно и ќе бара политичка храброст од страна на САД. Мултилатерален ангажман исто е апсолутно неопходен. Ова е еден конфликт, кој не може да се освои од воздухот, заклучува експертот. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел