Можно е околу 10 000 Европејци да им се приклучат на ИД
Објавено во: Свет 08 Март, 2015 19:29
Можно е околу 10 000 Европејци да им се приклучат на џихад групите во Сирија и Ирак до крајот на оваа година, или три пати повеќе отколку досега, изјави францускиот премиер Мануел Валцер, соопшти АФП.
„Денес во Сирија и Ирак има околу 3.000 Европејци. До летото може да станат 5000, а до крајот на годината - најверојатно 10 000. Дали сфаќате каква закана е тоа“?, изјавил Валцер за новинарите.
Во Франција од оваа група влегуваат до 1.400 луѓе, претежно млади луѓе, кои или веќе се во Сирија или Ирак, или сакаат да одат таму, или се вратиле оттаму. Овој број е двојно зголемен за една година.
„Веќе речиси 90 Французи умреле таму со оружје во рака, биедејки се против нашите вредности“, посочил министерот за внатрешни работи. Значителен контингент на џихадисти има исто така во Белгија, Холандија, Данска и Велика Британија. Во Франција, во Европа и во други земји се соочуваме со особено сериозна закана од враќањето на овие џихадисти или вршење на насилство од радикализирани млади луѓе. Оваа закана е пред нас и ќе ја има долго“, изјавил Валцер.
„Потребна е голема внимателност. Истовремено е потребно мобилизирање на општеството, на семејствата, како и порака до оние млади луѓе кои се многу мал дел од младите, но денес го посветуваат својот живот на тоа да сеат смртни закани“, изјавил францускиот премиер.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




