18 Декември, 2025
0.0455

Можност да добиете 500 евра од Фејсбук: Приклучете се на глобална тужба против социјалната мрежа

Објавено во: Свет 03 Август, 2014 11:06

Добивај вести на Viber

Австрискиот активист за право на приватност Макс Шремс покрена групна тужба против социјалната мрежа Фејсбук заради кршење на европските закони за заштита на податоците. Тужбата е покрената пред Трговскиот суд во Виена, а на неа можат да се приклучат корисници на социјалната мрежа од сите земји освен од САД и Канада. Во тужбата се побарува по 500 евра од корисник, а се бара Фејсбук да се казни заради кршење на следните закони: 1. Користење на податоци без директно одобрување од корисниците 2. Поставување на противзаконски услови за користење на податоците 3. Следење на корисниците надвор од Фејсбук преку копчето „Лајк“ 4. Употреба на податоците за надгледување на корисниците 5. Автоматско вклучување на Graph Search опцијата 6. Откривање на податоците за корисниците на надворешни апликации 7. Учество во програмата Prism на американската Национална агенција за безбедност, која ги користи личните податоци Шремс го тужи Фејсбук на Трговскиот суд во Виена, откако ирските судови најпрвин одбија да преземат дејства. Случајот во Даблин се води веќе три години, но ирското правосудство го одлага судењето со нејасни објаснувања. „Многумина во Ирска тврдат дека постои изразен политички и економски притисок да не се спроведуваат постапки против американските технолошки гиганти. Ирското правосудство го води целиот случај како што би очекувале од Русија, а не од земја-членка на ЕУ“, вели Шремс. Сите кои имаат Фејсбук профил можат да се приклучат на тужбата пред првото рочиште во Виена, а во случај на победа би можеле да добијат 500 евра надомест. Сепак, Шремс нагласува дека постапката не ја почнал за пари, туку од принципи. „Бараме само мал износ, бидејќи наша примарна цел е да се обезбеди вистинска заштита на податоците. Сепак, ако доволно луѓе се приклучат на тужбата, ќе достигнеме износ кој би можел да има сериозно влијание на Фејбук“, вели тој. Пријавувањето за тужбата е на следниот ЛИНК.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“