Добивај вести на Viber
Цената на барел сурова нафта вчера се задржа над 115 долари за барел.
На лондонската берза, ценита на барел сурова нафта порасна за 22 центи, на 115,48 долари, а на американската берза, со барел нафта се тргуваше по 34 центи повисока цена, од 108,71 долар.
Изминатите недели, нафтените берзи ги поттикнуваше загриженоста од можната воена американска интервенција во Сирија, која би можела да поттикне ширење на немирите на целиот блискоисточен регион и да предизвика пореметување во снабдувањето од Блискиот исток, каде се произведува третина од нафтата во светот.
Растот на цената на нафтените пазари беше ограничен од притисокот на одредени американски функционери врз претседателот Барак Обама, сепак, да се откаже од воена акција која, според нив, би можела да и наштети на светската економија и да поттикне скок на цената на нафтата.