МОЖНИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ: Ќе се дискутира на состанок следнава недела, најави министерот Филипче
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2021 13:03
И покрај тоа што
Комисијата за заразни болести денеска не препорача нови рестриктивни мерки, министерот
за здравство Венко Филипче, по
настанот на кој присуствуваше по повод Светскиот ден на борбата против
дијабетес, изјави дека во текот на следната недела ќе дискутираат за можни
мерки само за невакцинираните граѓани. Истакна дека секако пред се ќе ги
разгледуваат рестрикциите за невакцинираните кои здравствените власти ги носат во земјите од
регионот, а потоа ќе се
разгледува и кај нас дали ќе
има рестрикции за невакцинираните граѓани.
-Дел од членовите на Комитетот за заразни болести имаат обврска да направат, да истражат, како е ситуацијата во околните земји со цел да видиме дали некоја мерка дава резулатати или не. И тоа е многу битно, да се логични мерките, да може да се имплементираат и да може да се спроведуваат и да може да се контролираат. За тоа што се прави во регионот и какви се ефектите од тоа ќе дискутираме следната недела, рече Филипче.
Министерот нагласи дека доаѓа периодот на слави и семејни собирања, заради што сосема слично како и лани, апелираше, граѓаните или воопшто да не ги прават ваквите собирања или пак тоа да се направи во кругот на семејството, само најблиските.
– Доаѓа период на заладување на времето и почести собири на граѓаните во затворени простории. Сега доаѓаат и семејните слави. Ги замолувам граѓаните да не ги организираат славите, или да ги организираат во што помал број. Многу мини-бранови тргнаа од тие прослави, нагласи министерот за здравство.
Инаку, смета дека актуелните мерки кои се уште важат во Македонија се сосема доволни, единствено што треба, како што рече, е да се почитуваат во угостителските објекти, и секаде каде што има собири…
-Овие мерки се еднакви, како и во сите развиени земји. Го повторувам апелот за вакцинација, иако сме тука некаде во регионот. Во однос на болниците, ќе кажам дека има една карактеристика која е поразлична од предходните, а тоа е дека е намален бројот на пациенти кои се хоспитализирани, како и тоа дека е намален процентот на новодијагностицирани.
А. Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




