OСМАНИ: Грција не размислува за ново вето
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024 18:03
Според македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, Грција не размислува за ново вето.
Османи по завршувањето на министерскиот состанок откри и дека имал средба со заменик министерката за надворешни работи Александра Пападопулу, а на која телефонски учествувал и грчкиот министер Јоргос Герапетритис. Средбата како што кажа Османи, поминала во конструктивна атмосфера и изразиле надеж дека двете страни ќе го почитуваат Договорот од Преспа. Засега нема најави за вето.
Откако македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова даде заклетва испуштајќи ја „Северна“, Грција се закани со можно вето. Договорот од Преспа, македонските и грчките власти го потишаа во 2018 година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




