Можно ли е повторно да има карантин?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Септември, 2020
Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за МТВ изјави дека засега не верува дека повторно ќе се врати карантинот на сила, но како што рече сето тоа зависи од сите нас.
Потенцира дека мерките мора да се почитуваат затоа што доаѓа сезона на грип.
„Не верувам дека ќе имаме карантин, но тоа зависи од сите нас. Маските на лице нè штитат да имаме нормален живот. Дома кога сме затворени тоа може да претставува проблем. Тоа го знае и Комисијата за заразни болести. Знаеме сите да се опуштиме и треба тоа да го избегнуваме во секој момент. Се работи за нашето здравје и се работи за здравјето на нашите блиски, на нашите блиски повозрасни, болни, баби, дедовци. Да ги почитуваме експертите и професионалците“, рече Заев.
Тој додаде дека целиот процес на справување со коронавирусот којшто се одвива во нашата земја е транспарентен.
Премиерот најави дека следува процес на доекипирање на инспекторатите за нивна уште поголема ефикасност, додавајќи дека нема да има амнестија за ниту еден граѓанин кој ги прекршил мерките и задолженијата.
Заев го објасни и фактот зошто хронично болните се враќаат на работа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.