18 Декември, 2025
0.0644

Можности за регрутација и мрежно поврзување на Саемот за кариера на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2019 12:59

Добивај вести на Viber

Претстојниот Саем на кариера на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ на својот кампус во Солун ќе дочека повеќе од 40 компании, учесници од различни индустриски сектори, што дава идеална можност за вмрежување и регрутирање на талентирани студенти од различните додипломски и постдипломски програми. Саемот на кариера за 2019 година ќе се одржи на 16 мај, во Солун.


Целта на организирањето на овој саем е поврзување на високообразовните кадри што дипломираат на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд и компаниите од регионот, како и зајакнување на односот меѓу индустријата иакадемската заедница. На компаниите коишто сакаат да инвестираат во млади и добро образовани, дипломирани студенти им се дава можност да спроведат интервјуа, да го пополнат портфолиото за потребни тековни и идни работни позиции. Од друга страна, студентите имаат можност да ги презентираат своите достигнувања и вештини, да се запознаат со идните работни места одблиску, директно да се поврзат со компаниите, со крајна цел да добијат понуда за работа со полно работно време или за стажирање.


Традиционално Саемот за кариера на Сити колеџ е еден од најпосетуваните настани од страна на тукушто дипломираните студенти, но исто така и од компании од регионот, коишто воспоставуваат и меѓусебни контакти и бизнис релации. Компаниите од Северна Македонија кои сакаат да учествуваат на Денот на кариера 2019 на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ може да го пополнат онлајн формуларот за учество и да добијат повеќе информации на следниот линк.


Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?