05 Декември, 2025
0.1714

МПЦ-ОА повика на итна обнова на Трескавец

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2013 14:17

Добивај вести на Viber

Со претставниците на осигурителните компании кои го пресметуваат ризикот на осигурувањето и секогаш кога станува збор за икони, фрески кои се од непроценливо значење, не може да се најде заеднички јазик што се покажа како проблематична точка во разговорите со нив. Со текот на времето мора да најдеме начин да го решиме овој проблем. Ова денеска го изјави викарниот епископ хераклиски г.Климент по завршувањето на седницата на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на која се расправаше за опожарувањето на манастирот Трескавец.

- Повеќеслојни се проблемите на овој јазол кој треба да се расплеткува. Мораме да осигураме дел од она што може да се осигура. Веќе се доведуваме до прашање кој е следниот манастир на кој може да му се случи оваа ситуација. Не сме решени на отстапки туку на изнаоѓање ефикасно решение. Оние простории каде што нема икони од 14 и 17 век полесно се осигуруваат. Има предмети кои навистина се бесценети, рече г.Климент.

Тој истакна дека конкретно за манастирот Трескавец, дел од иконостасот, распетието од 17 век, иконите кои биле конзервирани заради условите на влага не можеле да се чуваат во манастирската црква и биле принудени да ги чуваме во монашкиот конак.

- Овие седум минути кои беа судбоносни откако почна пожарот, монахот Калист буквално остави се за да може заедно со Швајцарецот Филип да ги извади од монашкиот конак иконите, додаде г.Климент.

САС на МПЦ-ОА на седницата донесе одлука со која сите епархии во Македонската православна црква со црквите и манастирите како во Македонија, така и во дијаспората согласно своите можности да помогнат во обновата на опожарениот манастирски комплекс Трескавец. САС ги повика и надлежните институции задолжени за чување на духовното и националното богатство да ги преземат сите неопходни мерки за што побрза реализација на неговата обнова.

Синодот изрази благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, граѓаните и верниците кои пристигнаа на местото на настанот, на државните институции и локалната самоуправа на Прилеп, на противпожарните служби и на хеликоптерските единици на АРМ, како и на сите кои се вклучија во организацијата за возобновување на конаците.

САС на МПЦ-ОА на седницата ги разгледа и предлозите за одбележување на 1700-годишнината од Миланскиот едикт и 1150-годишнината од Моравската мисија, кои ќе се случат оваа година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје