„Му пришол од зад грб додека редел роба на тезга и го нападнал со кујнски нож“: Обвинителство покрена исграга за обид за убиство (Обновено)
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 10:14
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Како што информира ЈО, осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице.
- Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство.
Напаѓачот е приведен и бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител предложил да му биде определена мерка притвор - посочуваат од Обвинителство.
Од Министерство за внатрешни работи пак посочија дека битолчанецоте е лишен од слобода поради „обид за убиство“ и одреден му е притвор.
- На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Генерал Васко Карангелески” во комплекс „Нов Пазар” во Битола го лишиле од слобода К.С.( 42) од Битола.
Имено, истиот ден Ј.С. (70) од Битола во СВР Битола пријавил дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал.
Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (син на Ј.С.) и со остар предмет му нанел повреди на А.Б.. Со возило на Итна медицинска помош Битола А.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С. за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена - се појаснува во соопштението на МВР.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




