19 Декември, 2025
0.0473

Муцунски потврди дека се зголемуваат платите на функционерите: Мојата разлика ќе ја донирам

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023 13:18

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски објави дека според последната одлука на Уставниот суд, сите функционери ќе добијат зголемување на својата плата, но дека тој својата разлика во покачувањето ќе го донира во хуманитарни цели, на семејствата со ниски месечни примања и за семејствата на уставобранителите.

Уставниот суд донесе одлука со која се укинуваат два члена од Законот за плати и надоместоци на избраните и именуваните функционери, а со која одлука платите на функционерите ќе се зголемат за 78 отсто, според пресметките на синдикалната организација УПОЗ. Според тоа,  платата на функционерите, со пресметката на новата основица, ќе се зголеми над 1.500, а министрите ќе имаат плата од 1.800 евра. Коефициентот на платите на функционерите ќе се множи со 47.637 денари.

Муцунски истакна дека одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но разликата може да се донира. Тој воедно ги повика и останатите носители на јавни функции од сите политички партии да го следат неговиот пример.

„Јас сум растен, воспитуван и образован во духот на позитивни вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите.

Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства кој секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми. Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.“ напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните