19 Декември, 2025
0.0472

МУЦУНСКИ ЗА ПЕНДАРОВСКИ: Имал 9 средби со Вучиќ

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2025 13:44

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките дека Владата води надворешна политика, со која ја турка земјава кон „српски свет“ нагласи дека ние сме македонски свет и оти како Влада работат на ширење на интересите на нашата надворешна политика. За критиките, истакна дека доаѓаат од неколкумина поранешни функционери од претходната влада, за кои кажа дека за време на нивните мандати имале рекорден број средби со нивните српски колеги. За поранешниот претседсател Стево Пендаровски рече дека во текот на петгодишниот мандат остварил девет средби со српскиот претседател Александар Вучиќ. 

-Поранешниот претседател Пендаровски најмногу билатерални средби имал со својот српски колега, ние сме македонски свет, гледаме да ги шириме интересите на нашата надворешна политика, а луѓето чие обележје беше единствено попуштање на секоја точка, по која бараше попуштање кој било сосед и која било членка, тоа е белегот на нивната надворешна политика, тие немаат легитимитет да го судат она што ние го правиме, штитејќи ги националните интереси на нашата држава и на луѓето кои живеат во неа. На крајот граѓаните нека си го постават прашањето дали повеќе веруваат во актуелната надворешна политика на нашата Влада или мислам дека подобра била надворешната политкика предводена од владата на СДСМ и ДУИ, рече Муцунски денска во Скопје на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита.

Министерот потенцира дека оваа дебата се развила интензивно изминатите денови и нагласи дека апсолутно не треба да има дилеми за стратешките правци на македонската надворешна политика.

-Оваа Влада во првата година потпиша договор за партнерство во одбраната и безбедноста со ЕУ, прва во регионот, оваа Влада со мене како министер за надворешни работи потпиша Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, потпишавме стратешко партнерство со Унгарија и бев и сум единствениот министер за надворешни работи од Западен Балкан, кој бил примен од државниот секретар Марко Рубио во Стејт департментот. Ние сме меѓу тие кои најангажирано работат на тековни проекти со администрацијата во Вашингтон, но факт е дека имаме обврска да соработуваме и со нашиот регион и со нашите соседи, со сите земји во Европа, рече Муцунски.

Тој истакна дека прво оваа теза за српскиот свет ја слушнал од Пендаровски, кој, како што рече, во текот на неговите пет години како претседател на државата најмногу средби имал со претседателот на Србија, Вучиќ - девет пати, повеќе од со кој било друг претседател од која било земја во светот.

-Поранешните претседатели на влади од редовите на СДСМ имале над 25 билатерални средби во период од седум години со нивните колеги од Србија. Активен на оваа тема слушаме е и поранешниот министер за надворешни работи, Османи, во четири години 11 билатерални средби со неговите колеги во Србија. Јас не ценам дали тоа е добро или лошо како министер за надорешни работи, но ние треба да соработуваме со сите. Не може вие да критикувате ангажман со кој било наш сосед, а да имате историски бројки на средби токму со тие претставници, рече Муцунски. 


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните