Добивај вести на Viber
Еврозоната нема да излезе од кризата уште најмалку три години, тврди агенцијата Мудис, едена од трите најважни светски куќи за оценување на кредитниот рејтинг.
Како што изјави за Блумберг, Лусио Винхас де Соуса, главниот економист за рејтинзи, еврозоната остварила значаен успех во однос на спроведувањето на институционалните реформи, но ќе бидат потребни уште неколку, како што ги вели, скапи и болни години, за нејзиното целосно заздравување.
„Ниту една централната банка не може да го стимулира економскиот раст. До стабилен раст може да дојде само со структурните реформи. Тоа што го прават Европската централна банка и американската Управа за федерални резерви е само за купување време, за да можат регулаторите да ги спроведат реформите", вели Де Соуса.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.