Мукоски, Василевски и Чавков излегуваат од Шутка
Објавено во: Македонија 26 Март, 2018
Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, како и Митко Пешев, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски и Мунир Пепиќ сите вработени во МВР излегуваат од притвор.
Нив мерката притвор им се заменува со мерка куќен притвор.
Ова е одлука на Врховниот суд по нивните жалби на одлуките за притвор од Кривичниот и Апелациониот суд.
На пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски им се укинува мерката куќен притвор и се заменува со мерки на претпазливост.
Тоа важи и за оперскиот пеач, Игор Дурловски и Елена Божиновска. Тие ќе треба да се јавуваат еднаш неделно во Основниот суд на чија територија имаат живеалиште.
Во притвор остануваат членовите на патриотското здружение од Велес, Горанче Анѓелов и Илија Славевски.
Осомничемите З.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.
За осомничените Сашо Марковски, М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.