МУЗИКАТА СЕ ВРАЌА НА СВАДБИТЕ И ВО КАФУЛИЊАТА ОД 1. ЈУНИ: Наставата во училиштата неизвесна, д-р Исјановски за Фактор
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2021
Здравствените
власти утринава соопштија дека пандемијата стивнува и од недела во
недела се намалува бројот на активни случаи, по што Комисијата за заразни болести до владиниот кризен штаб ќе достави
предлог за олабавување на антиковид мерките.
Освен што Комисијата за заразни болести препорачува од 1. јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, од самиот старт на јуни препорачува да се дозволаст свадбениоте веселби и прослави, но само на отворено, со не повеќе од 100 гости.
-Овие наши препораки се должат, како што неколку пати повторивме, на одличните бројки кои ги имаме во овој период. Намалениот број на новозаразени и празнењето на болничките кревети во ковид-центрите во моментов овозможува да дадеме вакви препораки. Значи до владиниот Кризен штаб препорачуваме од 1.јуни да бидат дозволени и прослави и свадби, но секако повторно под одредени протоколи. Ќе може да се прават само на отворено, на масите ќе може да седат и по 6 гости, дозволена е и музика, како на свадбите и прославите, така и во секојдневното работење на кафулињата, но само на терасите, посочува за Фактор д-р. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.
Исјановски потенцира дека и во текот на целото лето здравствените експерти очекуваат во Македонија да има постојан пад на епидемиолошката крива и смирување на корона вирусот, но како што рече, во ниту еден случај не смее да се заборави непредвидливоста на Ковид-19.
-Сите ние, но посебно епидемиолозите сметаме дека е можна мирна епидемиолошка состојба во јуни, јули и август. Но не знаеме што може да очекуваме од септември, односно што може да донесе есента. Иако, вакцинацијата се одвива непречено, ако реално говориме, се уште не сме ја достигнале онаа бројка на 500.000 пријавени за вакцинација. Во овој момент вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани. Треба многу повисок број да достигнеме до септември, па да можеме да очекуваме и помирна епидемиолошка слика и во есенските месеци. Значи, сепак мора да останеме внимателни, па како ќе ја анализираме состојбата, така ќе носиме и препораки, вели д-р Исјановски.
Смета дека е се уште рано да се говори за одредени привилегии за целосно вакцинираните граѓани, како што е случај во голем број земји, пред се бидејќи засега нивниот број е мал.
-Целосно вакцинирани во македонија се помалку од 60.000 луѓе. Тоа е навистина малку, за да може да зборуваме да добијат некои посебни привилегии. Исто така е рано да говориме и за старт на новата учебна година од септември со физичко присуство на децата. За ова прашање најверојатно ќе стане збор во август на нашите состаноци, кога ќе ја разгледуваме актуелната епидемиолошка состојба, ќе направиме анализи, па дури потоа ќе се одлучува. Не смееме да дозволиме повторно избувнување на Ковид-19, вели д-р. Исјановски.
Инаку, како што е веќе утринава соопштено од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6. Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот. Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила. Полицискиот час останува на сила. Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани. Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.