07 Мај, 2024
0.0276

МВР четири дена неможе да влезе во трага на Сеад Кочан?!

Објавено во: Македонија 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Четврти ден како полицијата неможе да му влезе во трага на бизнисменот Сеад Кочан, за кого е распишана меѓународна потерница, откако беше издадено решение за негов притвор.

Но, целиот случај е проследен со контроверзи, кои почнуваат од нетранспарентоност на полицијата, па се до обвинувањата на адвокатскиот тим на Кочан,  за прекршување на процедурите.

Потерницата по Кочан не е објавена на сајтот на МВР, ниту во регистарот на Интерпол

Иако од МВР потврдија дека уште во петокот била распишана домашна, а потоа и меѓународна потерница, сепак, не одговараат дали имаат информација на кој граничен премин и кога Кочан ја напуштил гарницата. Официјално, цел викенд од МВР се правдаат дека тие податоци ги има граничната полиција, но поради викендот, службите за односи со јавност неможе да ги соопштат на медиумите. Ниту, првиот човек на граничната полција Маринко Костовски, не сакаше да одговори, дали, кога и на кој граничен премин Кочан ја напуштил земјава.  

Дополнително, дел од експертите се зачудени зошто на интернет страната на МВР не е објавена потерницата по Сеад Кочан. Но од МВР  велат дека потерниците се објавувале само за оние за кои има правосилна пресуда, а не и за осомничени, бидејќи се почитувала презумпцијата на невиност.

Но, потерницата за Сеад Кочан, ја нема ниту во регистарот на Интерпол, а од МВР, повторно упатуваат - одговори да се бараат од Интерпол.

И додека,  МВР, четири дена е без конкретни одговори, адвокатскиот тим, тврди дека Кочан е на службен пат, а не во бегство. Но, нема одговор каде е на службен пат и зошто воопшто не се јавува или одговара на службите, кога веќе четири дена по него е распишана меѓународна потерница.

Тоа, ги отвора сомнежите дека, Кочан ја напуштил државата неколку часа пред да го добие решението за притвор, за кое најверојатно веќе имал сознанија, со цел да се добие на време додека адвокатскиот тим го обжали, а во меѓувреме, отсуството на Кочан ќе се правда со службен пат. Сепак, адвокатскиот тим на Кочан, очекуваше дека одлуката за нивната жалва за притворот ќе биде донесена ушѕе вчера, но тоа не се случи. По што, Никола Додевски, адвокат на Кочан посочи дека повторно се прекршени законите и бара – решението з притвор на Кочан да се смета за неважечко.  

Додевски: Да се укине притворот за Кочан, поради прекршување на процедури

Адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски бара да биде укине решението за притвор на Сеад Кочан, бидејќи иако поднеле жалба за таквото решение, Основниот Суд во законскиот рок не го пратил предметот во Апелациониот Суд за да одлучи  и со тоа се прекрешени постапките.  

„Со оглед дека, преклузивниот рок во кој што Апелациониот Суд беше должен да донесе одлука истече во неделата во 17:20 h, одбраната однесе барање до Кривичниот Совет да се донесе решение со кое ќе се укине притворот на осомничениот Сеад Кочан и ќе се прекинат сите дејствија превземени од МВР. Сето ова, поради фактот што решението не може да произведува пправно дејство кога е изминат рокот за донесување на одлука по жалбата, а во кој рок предметот не е ниту доставен до Апелациониот Суд, вели Додевски во писмената реакција.  

Од Апелација потврдија дека предметот за Кочан не е пристигнат кај нив, а од Основниот Суд, немаше никаков одговор кога преметот ќе го пратат во Апелациониот  Суд.

За одбраната  спорно е и тоа што во решението за притвор, Кривичниот Совет наведува дека жалбата не го одлага извршувањето на решението. Тврдат дека кога притвор одредува судија на претходна постапка, и жалба се поднесува до Кривичниот Совет, тогаш жалбата не го одлага извршувањето на решението. Но, кога притвор одредува Кривичен Совет и жалба се поднесува до Апелациониот Суд тогаш таквата жалба го задржува извршувањето на притворот, толкува Додевски.

Во целата оваа ситуација на мноштво контроверзи и нејаснотии, сега останува на Апелациониот Суд, да пресече дали притворот за Сеад Кочан, кој се товари за криминал тежок 17 милиони евра ќе биде потврден или пак Кочан од службен пат ќе се врати како слобoден граѓанин.

Која и да биде одлуката на Апелациониот Суд, сепак постапката за Кочан и управителите на уште две други фирми – во судовите допрва ќе чека разрешница, со оглед дека Специјалното јаво обвинителство обелодени случај во кој тие се осомничени дека со фалсифукувани документи добиле тендер од државната компанија ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра.  


Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина