19 Декември, 2025
0.0463

МВР ја следи состојбата во земјата, а не „Македонија бојкотира“

Објавено во: Македонија 25 Август, 2018 14:07

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира наводите дека има полициско следење на бојкотирачите на референдумот што ги изнесе кризниот штаб за бојкот на референдумот во реакција на интервјуто на ресорниот министер Оливер Спасовски за Македонската информативна агенција (МИА).

Во демантот до кризниот штаб на „Македонија бојкотира“ МВР истакнува дека ги отфрла шпекулациите и извртувањата на интервјуто на министерот Спасовски за МИА.

- Во интервјуто министерот Спасовски јасно кажува дека и тој како и сите граѓани на Република Македонија следат што се случува во однос на референдумот, односно поставеноста на политичките структури во однос на референдумот, а меѓу нив и на платформата „бојкотирам“, кои имаат легитимно право да излезат со свој став. Граѓаните, исто како и Спасовски, ги следат политичките случувања, што во никој случај не значи полициско следење, како што некој сака да манипулира, стои во демантот.

Министерството за внaтрешни работи, се додава во демантот, најостро ги отфрла шпекулациите и извртувањата за наводно прислушкување и следење на членовите на оваа платформа и апелира доколку сакаат да го привлечат вниманието на јавноста тоа да го сторат на друг начин, а не преку ширење на лаги и дезинформации.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните